Јаболката и крушите се најчестите плодови кои ги чуваме дома. За да ги зачуваме што е можно подолго и поуспешно, мора да ги почитуваме нивнните потреби, карактеристиките на асортиманот, применетата на агротехничките мерки и секако треба да обезбедиме оптимални услови за складирање.
Чување на јаболката
Одгледувањето на јаболка и складирањето на плодовите е наједоставната работа во светот на овоштарството. Се разбира дека е потребно да се обезбедат одредени предуслови за тоа.
Со избирање на асортиманот, можеме да влијаеме на долготрајноста на плодовите. Сортите што зреат порано се карактеризираат со пократок период на траење. Доцните сорти даваат плод што е погоден за долготрајно складирање.

Приханата на дрвјата во овоштарниците во текот на вегетцијата, особено во последните фази на зреењето, влијае на должината на складирањето. Во овој период, снабдувањето со азот е намалено, а се користат ѓубрива што содржат калциум, калиум, железо и фосфор. Тие му даваат сила на овошјето и делуваат на неговата механичка отпорност. Добро негуваните овошни дрвја даваат плодови кои се подолготрајни и помалку подложни на гниење и распаѓање, па така можат да се чуваат подолго време.
Исто така, треба да се знае дека, појавата на стрес може да влијае врз рокот на траење на јаболката. Промените на временските услови, особено промената на температурата, снабдувањето со вода и елементарните непогоди како што е градот, влијаат врз падот на имунитетот на дрвото, па така можноста за подолго складирање на овошјето, се намалува. За да се намали стресот, неопходно е да се регулираат наводнувањето и ѓубрењето, а исто така потребен е третман со препарати кои го подобруваат имунитетот на стеблото.
Оставете им и неколку листови
Правилното одредување на времето за берба на јаболката, помага во тоа да може овошјето да се чува што е можно подолго. Кај јаболката, разликуваме два вида на зрелост: физиолошка и технолошка. Карактеристично за физиолошката зрелост е тоа што тогаш плодовите се најголеми, а семето е целосно развиено. Во случај на технолошка зрелост, плодовите добиваат карактеристична боја на лушпата, најквалитетна сува материја, шеќер, киселини, карактеристичен вкус, мирис и арома. Треба да се напомене дека раните и средни сорти се берат една недела пред технолошката зрелост, додека доцните сорти се берат кога ќе достигнат физиолошка зрелост. Внимавајте при берењето да не ги оштетувате и да не ги фрлате плодовите. На оштетените места може да дојде до продор на разни причинители на болести или напад од инсекти.
Кога ги складирате јаболката, оставете им по неколку листови, бидејќи тие содржиат бактерицидни супстанции и имаат позитивен ефект врз зачувувањето на ова овошје. Местото каде што ќе се чуваат јаболката треба да биде суво, чисто и добро проветрено. Јаболката најдобро се чува во гајби и картонски кутии.
Чување во лисја од папрат
И покрај фактот дека се многу слични на јаболката, крушите имаат свои барања кога е во прашање одгледувањето, примената на агротехничките мерки, бербата и чувањето на плодовите.

Дрвото на крушата, во однос на јаболкото, е почувствително на ниски температури. Крушите исто така не толерираат високо ниво на подземни води. Сето ова влијае врз квалитетот на овошјето што треба да се чува. Исто како и јаболката, така и крушите продолжуваат да зреат и по бербата. Затоа, тие се берат пред да ја достигнат вистинската зрелост, што ќе им го продолжи рокот на чување. Кога се целосно зрели, крушите можат да се чуваат само три дена.
Методата на завиткување на секоја круша посебно во хартија и така наредени во гајби се покажала како добра. Јаболката и крушите ќе траат подолго ако ги чуваме во суви лисја од папрат.
Извор: Агроклуб
