До крајот на оваа недела времето ќе се задржи промелниво облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороеон дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на невреме проследено со обилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град.
Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервало од 22 до 29 степени.
И во Скопје и околината ќе продолжи нестабилното време со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме со град. Максималнате температура во Скопје овие денови ќе се искачи до околу 25 степени.
Постабилно и потопло време ќе имаме од понеделник.
Временската прогноза ја подготви Славчо Попоски

