Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Розево езеро кај Бачка Топола, голема шанса за туризмот во Србија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Розево езеро кај Бачка Топола, голема шанса за туризмот во Србија
МагазинРурален Развој

Розево езеро кај Бачка Топола, голема шанса за туризмот во Србија

Објавено 07/08/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Солено, термално и лековито езеро, со необична розева боја која може да се сретне само кај ретките егзотични езера распространети од Австралија, Боливија па се до Мексико, природата му подарила и на село Пачир, во оптшина Бачка Топола. Тамошните жители сами направиле термална и лековита бања во која доаѓаат гости од цела Бачка и од прекуграничните унгарски општини.

Тие ги искористиле потенцијалите на езерото кое има површина од 2.000 метри квадратни, посебно неговата егзотична боја која ја имаат уште и некои други езера во Индија, Русија, Шпанија, Сенегал или Танзанија и решиле уште пред шест години да направат бања, за која многумина не слушнале.

Како што изјавува за за Танјуг, Ото Наѓ, претставник од месната заедница Пачир која има 2.300 жители, комплексот пред две години добил и затворен дел, со два базени во кои температурата на водата е 32 и 34 степени, што овозможува да се користи во текот на целата година.

-„Идејата да направиме бања се роди скоро пред 15 години и во 2008 година конкуриравме за средства од Фондот за капитални вложувања и добиените средства Месната заедница ги искористи за копање бунари кое заврши две години подоцна“, вели Наѓ и додава дека после тоа со сопствени средства почнале подготовка и изградба на теренот.

Капацитетот на бањата е околу 1.000 гости. Наѓ потсетува дека корона вирусот вовел нови правила, кои целосно се почитуваат, поради што и капацитетот е речиси преполовен.

Тој обајснува дека водата во бањите, преку летото, кога сонцето силно свети има розова боја. Вели дека изразито розева е околу пладне, црвенкаста во попладневните часови, додека на зајдисонце и изгрејсонце има помал интензитет.

Ваквата бојата во езерото се јавува поради присуството на јод, бром и литиумот чија концентрација е висока. Наѓ додава дека водата во езерото доаѓа од термален бунар на длабочина од 1.400 метри.

– „Бунарот од езерото е оддалечен скоро 1 километар. Температурата на водата на изворот е 72 степени, а кога ќе стигне во езерото има 60 степени бидејќи природно се лади дури и до 30 степени“, вели тој и додава дека водата е погодна за лечење на кожни заболувања, особено псоријаза, дегенеративни ревматски заболувања и состојби после повреди.

 Извор: РТВ.рс

Може да ви се допадне

Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Кох од гриз
Таг:Бачка Тополалековито езероПачирРозево езеро
Претходен напис Како треба да се чуваат јаболката и крушите за да траат подолго?
Следен напис Како да се спречи расипувањето на млекото по молзењето во летните месеци?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?