Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Како и кога се сее морковот?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Како и кога се сее морковот?
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВОРастително производство

Како и кога се сее морковот?

Објавено 02/02/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Морковот е најраспространетата градинарска култура кај нас, која спаѓа во групата на коренести зеленчуци. Тоа е двегодишно растение, кое во првата година развива задебелен, сочен корен, поради кој и го одгледуваме. На почви со слаба структура, растот на коренот е отежнат, па често доаѓа до неправилен раст, а отежнато е и вадењето на морковите. Почвата, на која во текот на неколку години се одгледува зеленчук, како на пример зелка, краставици, пиперки, домати и слично, е многу погодна за одгледување на моркови.

Морковот може да се одгледува во сите наши краеви. Според должината на вегетацијата разликуваме: рани и средно касни сорти. Ако не е премногу студено и ако почвата е соодветно влажна, раните сорти се сеат од крајот на февруари и март. Средно раните и касните сорти се сеат од мај до крајот на јуни. Касните сорти растат подолго време и даваат поголеми плодови. Во медитеранските подрачја морковите се сеат од рана пролет до есен.

Семето на морковот никнува многу бавно. За да никне побрзо, треба прво да се натопи и да се чува на собна температура (18-22°C), и тоа 1-2 дена, па после тоа се сее и тоа во редови на растојание од 20 – 25 cм.

Штом ќе никнат, растенијата треба да се проретчат на растојание 8 – 10 cм што зависи од сортата. Некои ситни сорти на моркови можат да се сеат и погусто. За да се насее површина од 1 м² потребно е 2 – 8 грама семе ( зависно од густината и сортата). Почвата на која ќе се сеат моркови треба длабоко да се прекопа, обично до 20 см. Со тоа ќе се обезбедат добри услови за развој на коренот бидејќи почвата ќе биде растресита.

Пред сеидбата се користи комплексно минерално ѓубриво NPK 7:14:21, и тоа 150 g/m², а со второто окопување повторно се прихрануваат. Грижата при одгледувањето на морковите се состои во проретчување, окопување, плевење и прихранување.

Морковите се вадат кога времето е суво, бидејќи ако ги извадиме влажни, тие побрзо гнијат. Поситните сорти можеме да ги корнеме со рака, а покрупните треба да се вадат со мотика.

Приносот на морковите зависи од сортата, па така: раните мали сорти можат да дадат 1 – 2 кг, а подоцните и покрупните околу 2,5-5 кг од еден метар квадратен површина.

Извор: agrosavjet.com

Може да ви се допадне

Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Таг:морковиодгледувањесеење
Претходен напис Треска на 10 сантиметри под критичната точка
Следен напис Бислимоски: Нема да има промена на цената на електричната енергија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?