Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бислимоски: Нема да има промена на цената на електричната енергија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бислимоски: Нема да има промена на цената на електричната енергија
Агровести

Бислимоски: Нема да има промена на цената на електричната енергија

Објавено 02/02/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

И покрај зголемувањето кај соседите нема да има промени на цената на електричната енергија кај нас, бидејќи ниедна од енергетските компании нема доставено барање до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) дека ги зголемиле трошоците, потврди за МИА претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

-Гледаме дека во Србија цената се зголеми за 7,9 отсто што значи дека генерално и регионалните енергетски компании се соочуваат со тешка година на намалени приходи, а зголемени расходи, изјави Бислимоски.

Фокусот на РКЕ и цела енергија, потенцира, е насочена кон проширување на опсегот на листата на ранливи потрошувачи да добијат финансиска помош за подмирување на сметките токму на оние на кои им е најпотребно.

Во моментов се врши дефинирање на категориите на кои ќе им бидат намалени сметките за електрична енергија. Една од таргетираните категории се семејства каде  има еден пензионер со минимална пензија (прва група) и истата е единствен приход, појасни Бислимоски.

Од 1 февруари цената на електричната енергија во Србија е повисока за 7,9 отсто иако беше најавено дека цената на струјата ќе се покачи за 3,4 отсто. Потоа стигна владина уредба со која потрошувачите од 1 јануари годинава имаат повисоки сметки заради зголемувањето на поддршката за повластените производители на електрична енергија. Овој надомест е зголемен за речиси четири пати од досегашните 0,093 динари на 0,437 динари  по киловат потрошена електрична енергија со што покачувањето на цената достигна до 7,9 проценти.

Сепак, цената на струјата во Србија е за 7 отсто пониска отколку во земјава, 18 отсто пониска отколку во БиХ, 24 отсто од Албанија, 35,8 отсто отколку во Бугарија, 79,97 отсто пониска отколку во Хрватска, 85 отсто од Романија и 125 отсто пониска отколку во Словенија.

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:Бислимовскиелектрична енергијацена
Претходен напис Како и кога се сее морковот?
Следен напис Добиен сертификат МКС EN ISO 9001:2015
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?