Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО)Како да одгледувате домати наопаку?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Предлог бизнис > (ВИДЕО)Како да одгледувате домати наопаку?
Предлог бизнис

(ВИДЕО)Како да одгледувате домати наопаку?

Последна измена: 08/04/2020 14:14
Сподели
4 мин. за читање
Сподели

Иаkо можеби звучи чудно , методата за одгледување на домати свретни наопаку,  ја практикуваат одгледувачите на зеленчук ширум светот. Доколку имате ограничен простор ова може да биде добра опција.

Одгледувањето на зеленчук наопаку , сигурно одстапува од конвенционалниот начин и иако изгледа чудно, ова го практикуваат  многу градинари ширум светот.

Методот на одгледување „ напаку“ посебно е добар за одредени сорти на домати како што се шери домaтите. На овој начин можат да се одгледуваат краставици и пиперки посебно чили. Доколку имате ограничен простор за градинарство или пак доколку воопшто немaте простор , ова може да биде добра опција. Саксиите или пак некои други садови секогаш можете да ги обесите на оградата , на терасата и сл.

Кај конвенционалното одгледување на домати освен простор треба да правите и додатни работи како што е врзувањето и сл. Во одгледувањео наопаку тоа не е потребно.  Треба да се истакне и податокот дека значително се намалува бројот на штетници кои би ги нападнале растенијата како и гливичните болести.

Концептот е многу едноставен, а грижата за растенијата бара многу помалку време бидејќи нема потреба од поткопување. Единствено ќе морате почесто да ги наводнувате. Нема коров, подобра е циркулацијата на воздухот, што всушност е од витално значење за растението. Вака засадените растенија можете да ги преместувате по желба, а преку ноќ дури можете да ги ставите  во затворен простор доколку се предвидуваат ниски температури.

При ваквиот начин на одгледување на зеленчук, могу е важно , садовите во кои ќе ги засадите растенијата морате правилно исигурно да ги прицврстиме. На растенијата да им обезбедиме доволно светлина и да ги заштитиме од ветер. Како што веќе спомнавме , тереба почесто да ги наводнувате.

Постојат повеќе начини за вакво одгледување и тоа со помош на метални кошници со кокосови влакна, готови вреќи, пластични садови , канти и сл.

Одгледување во метални кошници со кокосови влакна.

Користете саксија од околу 5 литра. Внимателно исечете отвор на дното со помош на остар нож или скалпер. Отворот би требло да биде со дијаметар околу 7 сантиметри. За подобра циркулација на воздухот на дното на саксијата можат  да се направат околу 6 мали дупки.

Исечете парче мрежа која се става на прозорците за заштита од инсекти, преклопете ја и исечете ја во облик на буквата V. За оваа намена можете да користите и филтер за кафе. Мрежете залепете ја на дното од саксијата со изолир трака. Низ отворот и низ мрежата внимателно ставете го расадот, при тоа да се внимава да не се оштети коренот. Потоа исто како во предходниот случај ставете ја земјата. Вака саксијата обесете ја на место каде што има многу сонце и кое ќе има пристап.

Одгорната страна на саксијата дополнително можете да посеете зачински растенија како босилек, оригано и сл. Тоа ќе ја штити земјата од  исушување, декоративно е и корисно.

За подобар принос можете да користите и прихрана, а штом ќе почната  плодовите да зреат соберете ги за да го поттикнете созревањето на нови.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Кога и како да се засадат лубениците во градината
(ВИДЕО) Велче Црвенов: Наместо работа во Швајцарија, семејна фарма со 100 грла овци од расата Асаф и убав живот дома
Германци бегаат од оваа работа иако заработуваат 3.000 евра месечно: Се потешко е да се задржат и странските берачи
Како да направите печуркарник од просторија 4×4, кој има капацитет од 250 вреќи и што сè ќе ви биде потребно
Ивица Ѓорѓиевски: Пред 10 години родителите напуштија државна работи и од Скопје се преселивме во село, сега сме земјоделци и имаме се!
Таг:GradinarstvoградинаДомати во саксииОдгледување на домати
Претходен напис Дали можеби Шкотска пронајде решение за недостатокот од работна сила?
Следен напис Министрите за земјоделство од земјите од Југоисточна Европа одржаа видео состанок за влијанието на вирусот КОВИД 19 врз земјоделството
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?