Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Интервју со магистер по Педологија Јована Арсовска поранешна студентка – алумни на ФЗНХ: Можностите и кариерата по завршување на факултетот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ЕУ > Интервју со магистер по Педологија Јована Арсовска поранешна студентка – алумни на ФЗНХ: Можностите и кариерата по завршување на факултетот
ЕУ

Интервју со магистер по Педологија Јована Арсовска поранешна студентка – алумни на ФЗНХ: Можностите и кариерата по завршување на факултетот

Објавено 07/09/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ви го пренесуваме интервјуто со магистер по Педологија Јована Арсовска поранешна студентка – алумни на ФЗНХ. Јована ни сподели како се одлучила да се запише на Факултето за земјоделски науки и храна- Скопје и можностите и кариерата по завршување на факултетот, објавено на страната на ФЗНХ.

Причина повеќе за да се запишете на Факултетот за земјоделски науки и храна- Скопје!

🌱Што за вас значеше уписот на ФЗНХ? Имавте ли сон?

Студирањето на ФЗНХ беше клучно искуство за мене. Првично не без запознаена со студиските програми на овој факултет, но ме привлече интересната насока за студирање – квалитет и безбедност на храна. Иако конкретно не сонував да студирам овде, се стремев да се запишам на факултет што нуди академско знаење и практично искуство. ФЗНХ ги надмина моите очекувања, обликувајќи ја мојата кариера и академски раст на начини што не ги очекував.

🌱Омилен предмет од вашите студии?

Сите предмети ми беа омилени на Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје.

🌱Кога ги завршивте додипломските студии и почнавте со работа не застанавте со учење, повторно изборот за мастер студии ви беше ФЗНХ? Вашите искуства на овие студии?

Дипломирав во 2017 година и се вработив за два неполни месеци. Откако се стекнав работно искуство, решив да го продолжам моето образование и започнав со магистерски студии во 2021 година. Моите магистерски студии значително ги подобрија моите практични вештини и го продлабочија моето знаење. Генерално, моето академско образование ми обезбеди висок професионален и личен развој.

🌱Вашата работа бара посветеност, но ви отвори можности за многу патувања. Каде сте патувале и какво е искуството да размените различни искуства со агрономите во светот?

Имав можност да посетам повеќе Европски земји и да присуствувам на многу саеми. Секое патување е различно и носи нови искуства. Споделувањето на знаење и стратегии со агрономи од различни региони е навистина интересно, ја проширува мојата перспектива.

🌱Кои совети би им ги дале на студентите кои сега се запишуваат на ФЗНХ?

Би ги советувала да останат упорни и издржливи и да ги прифатат предизвиците како можност за личен раст. Да имаат на ум дека земјоделството останува основно за нашиот опстанок – водата и храната се секогаш неопходни. Посветеноста и упорноста што ќе ја вложат сега ќе се исплати на различни начини што ќе доведе до лично исполнување и до значаен придонес во областа.

Запишете се на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје и бидете дел од нашата мисија.💚

🎓 Избери го патот кон успехот со нас! 🎓

🌱За повеќе информации за условите за аплицирање и нашите студиски програми, посетете го нашиот веб-сајт или контактирајте не директно.

http://www.fznh.ukim.edu.mk/

Можно е да е слика од 1 лице и текст

Може да ви се допадне

ЕК одобри државна помош од 41 милион евра за грчките земјоделци
Европското јавно обвинителство покрена обвинение против четворица грчки пратеници за скандал поврзан со субвенции од ЕУ
Европскиот Парламент одлучи веднаш да исплати 75% од директните плаќања
Франција и Италија постигнаа договор: Повеќе пари за Заедничката земјоделска политика
Мемов: На пензионерите треба да им се даде можност за вработување доколку сакаат и се работоспособни
Таг:вработувањеземјоделски факултетмагистернаукаФакултет
Претходен напис Министерот Минчев се сретна со деканот на ФЗНХ од Скопје, проф. д-р Маркоски: Важна е соработката помеѓу јавната администрација и академијата
Следен напис Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?