Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (Фото) Виното на неуморниот Боне Спасовски е скоро спремно, тој веќе го заврши есенското кроење на овошките, а утрово го посеа и пиперот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > (Фото) Виното на неуморниот Боне Спасовски е скоро спремно, тој веќе го заврши есенското кроење на овошките, а утрово го посеа и пиперот
Растително производство

(Фото) Виното на неуморниот Боне Спасовски е скоро спремно, тој веќе го заврши есенското кроење на овошките, а утрово го посеа и пиперот

Објавено 02/12/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во земјоделското производство секоја сезона си носи своја работа. Искусните земјоделци и они кои живеат исклучиво од земјоделското производство се зафатени преку цела година, комбинирајќи ги производствата и агротехничките мерки.

Боне Спасовски од село Виничани, Општина Градско заедно со неговата сопруга Марина обработуваат 3 хектари лозје, 7 хектари овошни насади, од кои претежно кајсии, сливи и праски, 1,5 хектар житарки и имаат 10 пластеници со раноградинарска култура – пиперка.

May be an image of nature
May be an image of 1 person and outdoors

За прв пат во 2009 година, добиле помош од програмата за рурален развој и купиле трактор, атомизер и друга механизација во вредост од 12.500 евра, потоа од 2016 година се корисници на средства од ИПАРД 2 програмата, па така во 2018 година од мерката Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства, средствата ги искористиле за набавка на трактор Ландини, Мулчер Риниери и Електрична ножица за режење Риниери во вредност од 1.505.320 ден.

No photo description available.

Во своите пластеници Боне прво сади ран компир, а потоа пиперка капија и така двапати ги искористува фолиите. Така и утрово минусните температури не го исплашија овој искусен земјоделец да влезе во пластеникот и да го посее пиперот.

May be an image of 1 person, standing and outdoors
No photo description available.
May be an image of 1 person and outdoors
May be an image of 1 person and outdoors

Боне вели дека главно е задоволен од она што го работи. Дури и во изминатата кризна година поминале добро, бидејќи, како што вели Боне, клучот за успехот е добриот квалитет, а за квалитетните производи секогаш има купувачи, па и добра цена. Иако Боне има загарантиран откуп за неговата пиперка, тој вели дека договорното производство е доста примамливо и чекор за посигурна иднина за земјоделците, кои на тој начин ќе имаат загарантиран откуп за нивните производи и нема да се случува родот да остане непродаден.

Семејството Спасовски е доказ дека земјоделството е сериозен бизнис во кој треба да се инвестира и да се работи професионално доколку сакате да имате успех и да заработите.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Култивирано одгледување на ароматични, зачински и лековити растенија: Одржлива и доходовна можност за современо земјоделство
Таг:Боне Спасовски
Претходен напис Комерцијална банка прогласена за Банка на годината во 2021 година од магазинот „The Banker“
Следен напис ФАО: Цените на храната на светските берзи на највисоко ниво во последните 10 години
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?