Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ФАО: Цените на храната на светските берзи на највисоко ниво во последните 10 години
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > ФАО: Цените на храната на светските берзи на највисоко ниво во последните 10 години
Пазари

ФАО: Цените на храната на светските берзи на највисоко ниво во последните 10 години

Објавено 02/12/2021
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Цените на храната на светските берзи се зголемија во ноември, четврти месец по ред и остануваат на највисоко ниво во последните 10 години, соопшти денеска Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО).

Причина за продолжувањето на поскапувањето е зголемената побарувачка на пченица и млечни производи.

Просечната вредност на индексот на цените на храната на ФАО, кој ги одразува месечните промени на меѓународните цени на основните прехранбени производи, достигна 134,4 поени во ноември, наспроти 123,8 во октомври.

Ова е највисокото ниво од јуни 2011 година. На годишна основа, ноемврискиот индекс забележа скок од 27 отсто. Цените на земјоделските производи драстично пораснаа во последната година поради зголемената побарувачка и недоволниот род.

ФАО неодамна ја намали прогнозата за производство на жито за 2021 година на 2,791 милијарди тони од 2,793 милијарди тони еден месец порано. Сепак, обемот на производство останува рекорден.

МИА

Може да ви се допадне

Зголемен прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун во април, намален кај горивата
ФАО предупредува: Можно глобално поскапување на храната поради Ормуската Теснина
ФАО: Цените на храната растат заради конфликтот на Блискиот Исток
Продолжува мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, Владата очекува намалување на малопродажните цени
Зголемена фреквенцијата на Ќафасан, Албанците од соседството по гориво и храна во државата
Таг:хранацени
Претходен напис (Фото) Виното на неуморниот Боне Спасовски е скоро спремно, тој веќе го заврши есенското кроење на овошките, а утрово го посеа и пиперот
Следен напис Се ближат празници – Што да му подарите на вашиот омилен земјоделец?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?