Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Комерцијална банка прогласена за Банка на годината во 2021 година од магазинот „The Banker“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Комерцијална банка прогласена за Банка на годината во 2021 година од магазинот „The Banker“
Агровести

Комерцијална банка прогласена за Банка на годината во 2021 година од магазинот „The Banker“

Објавено 02/12/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

За „Банка на годината во 2021 година во Република Северна Македонија“ е прогласена Комерцијална банка АД Скопје. Оваа престижна награда финансискиот магазин The Banker ѝ ја доделува на Комерцијална банка втора година по ред, препознавајќи ги нејзината клучна улога во поддршката на економското закрепнување во земјава и излегувањето во пресрет на потребите на клиентите.

Исклучителноста на предизвиците наметнати од пандемијата и постигнатиот успех во 2021 година нѐ прават горди на наградата „Банка на годината“ како никогаш досега. Комерцијална банка е прогласена за „Банка на годината во Северна Македонија“ вкупно 9 пати досега.

Главниот финансов директор и член на Управниот одбор, д-р Маја Стевкова Штериева, имаше свое обраќање на вчерашното свечено прогласување на победниците во Лондон, кое и годинава имаше свое Интернет издание поради мерките за заштита од вирусот Covid-19, и во името на Комерцијална банка се заблагодари за признанието „Банка на годината во Република Северна Македонија“.

„2021 беше уште една година исполнета со предизвици, во која продолженото економско влијание на пандемијата бараше преземање претпазливи одлуки. Ние сме многу задоволни и горди што успеавме да ги надминеме овие предизвици и да продолжиме да бидеме фактор на стабилност за нашите клиенти и партнери“, изјави д-р Стевкова Штериева.

За оваа награда магазинот The Banker (издание на Financial Times) разгледува широк спектар на критериуми. Наградата се доделува на банките кои покажале успешни финансиски резултати, успех во целокупната деловна стратегија, со кој оствариле конкурентска предност, унапредување и развој на технологијата и на производите и услугите, како и соодветен одговор на кризата наметната од Covid-19. Магазинот годинава преку ова признание ги наградува банките кои вложија дополнителен напор за поддршка на своите клиенти и поширокото општество, понудија нови дигитални производи и услуги, со кои станаа побрзи на пазарот и поиновативни, и се истакнаа со својата посветеност на градење поодржлив и поинклузивен свет.

Во овие времиња на предизвици, Комерцијална банка потврди дека, покрај останатите вредности на кои може да биде горда, довербата е на врвот на листата. Нашите клиенти веруваат во нас и очекуваат да се справиме со сите предизвици, без оглед на сѐ. И ние во Комерцијална банка веруваме во нашиот капацитет за исполнување на нивните очекувања и во нашата определа дека Полесно е заедно. Токму затоа во годината во која се справуваме со продолженото влијание на пандемијата, Банката повторно најде инспирација во потребите и довербата на своите клиенти, а за возврат им овозможи ново и подобрено корисничко искуство преку ребрендирање, визуелно освежување и понуда на нови и дополнети производи и услуги прилагодени токму на нивните потреби.

МИА

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:комерцијална банка
Претходен напис Утре во Росоман официјално отворање на Центарот за промоција „Тера Вино“
Следен напис (Фото) Виното на неуморниот Боне Спасовски е скоро спремно, тој веќе го заврши есенското кроење на овошките, а утрово го посеа и пиперот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?