Природата е навистина убава, но понекогаш навистина чудна. Орхидеите се инаку сосема нормални цвеќиња за секој дом. Има околу 30.000 различни видови и не е ништо ново што некои од нив се сосема различни. Едни од нив се и орхидеите кои изгледаат како мали мајмуни.

Овие орхидеи растат во Еквадор и Перу и се нарекуваат „Dracula Simia“ или Мајмунска орхидеја.

Произведуваат многу пријатен цитрусен мирис на зрели портокали и мирисаат одлично.

Мајмунските орхидеи биле откриени од ботаничарот Карлајл А. Луерен во 1978 година.

Тие можат да пораснат и до два метри во висина, а ако некогаш се обидете да ги одгледувате дома, експертите препорачуваат да ги засадите во мов наместо во земја.


