Убава и брза бајадера со вкус на бадеми и бело чоколадо.
Состојки
- 50 грама мелени ореви
- 2 големи лажици мелени бисквити
- 50 грама шеќер
- 50 грама шеќер во прав
- 2-3 големи лажици вода
- 1 пакетче ванилин шеќер
- по вкус ароматичен ликер
- 100 грама сецкани бадеми
- 50 грама бело чоколадо
- 50 грама кокос
- 20 грама путер
Подготовка:
На тивок оган сварете сируп од шеќер, вода, ванила и додадете ликер по желба. Тргнете го сирупот од оган, па додадете мелени ореви и бисквити. Бадемите, шеќерот во прав и кокосот измешајте ги во една кеса за замрзнување, протресете и сите состојки рамномерно ќе се соединат.
Стопете го путерот и белото чоколадо и додајте во мешавината од кокос и бадеми. Добро измешајте се заедно со смесата од ореви и бисквити, ако е потребно додадете малку шеќерен сируп за да се добие меко тесто. Во калап 21×18, намастен и дното покриено со фолија, истурете го тестото и добро израмнете.
Ставете го фрижидер да се стегне и готовата бајатера исечете ја во правоаголна форма.
МИА

