Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Фармахем“ развива иновативен, 100% природен препарат за чистење на земјоделските површини од пестициди
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Органско производство > „Фармахем“ развива иновативен, 100% природен препарат за чистење на земјоделските површини од пестициди
Органско производство

„Фармахем“ развива иновативен, 100% природен препарат за чистење на земјоделските површини од пестициди

Објавено 09/12/2021
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Компанијата „Фармахем“ во рамки на проектот ,„МИКРОЕКО“ – иновативна технологија со примена на аеробни микроорганизми до помалку пестициди во почвите, кој се реализира со поддршка на ФИТР, развива производ за решавање на проблемoт со загадувањето на почвите, подземните и површински води, воздухот, како и земјоделските производи.

Се работи за производ од аеробни микроорганизми кој се користи за третман на почви загадени со пестициди и услуга на акредитираната лабораторија на „Фармахем“ за детектирање и кванитификување на присуството на пестициди во самата почва.

Овој нов патентиран производ ќе може да се примени на други површини кои во минатото, како резултат на прекумерната употребата на пестициди, имаат концентрации во почвата над дозволеното, а кои понатаму преку растенијата кои се одгледуваат на овие површини, се консумираат и наталожуваат во животните и луѓето кои се хранат со нив.

„Фармахем Лабораторија за животна средина е прва лабораторија во нашата држава која анализира пестициди во почва. Активностите со развојот на иновативниот производ се во завршна фаза. Во моментов се работи на in situ проби и анализа на резултатите од примената на неколку видови од препаратот. Лабораториските анализи покажаа одлични резултати, па се очекува ефикасноста на препаратот во природни услови да го следи тој тренд.“, објасни Јулијана Димзова, шеф на Лабораторијата за животна средина во „Фармахем“ и менаџер на проектот „МИКРОЕКО“.

Производот е направен од автохтони аеробни микроорганизми изолирани од почвата која се третира и се планира да биде во прашкаста и/или течна форма. Како што објаснува Димзова, се нанесува со едноставно распрскување на загадената почва, согласно упатството на производот, слично како и на останатите земјоделски препарати. Со оглед дека се работи за автохтони микроорганизми, не постои опасност да се загади дополнително екосистемот на почвата која се третира. Воедно, финалните производи на разградувањето на пестицидите после третманот го прават производот еколошки прифатлив. После нанесувањето на препаратот, без дополнителни активности, природните услови во животната средина го овозможуваат дејствувањето на препаратот.

Најнапред треба да се утврди присуство на пестицидите за чие намалување е наменет производот со земање на примероци од почвата и нивна анализа. По пропишаниот период за дејствување на производот, повторната анализа на почвата ќе ја потврди успешноста на неговото дејствување.

„Од досегашните резултати за дејството на пробните примероци на терен, можно е намалување на концентрациите на пестициди за околу 20 % од почетната концентрација. Услугата за детектирање на присуство на пестициди во почва и препаратот за биоремедијација на почвата, може ја користат сопствениците на земјоделски обработливи површини, особено регистрираните произведувачи на органска храна.

Придобивката за сопствениците на земјоделски обработливите површини и за регистрираните произведувачи на органска храна ќе биде потврдата дека земјоделските производи кои ги одгледуваат на своите површини нема да содржат пестициди и ќе се безбедни за консумација. Воедно, отстранувањето на овие пестициди ќе оневозможи истите да понираат во подземните води и понатаму преку растенијата кои се одгледуваат на овие површини, да се консумираат и наталожуваат во животните и луѓето кои се хранат со нив.“, вели Димзова.

„Со препаратот може да се третираат почви за кои има сознанија дека порано биле третирани со органохлорни пестициди, поточно неразградливи органски загадувачи кои се на листата на забранети супстанции според Стокхолмската конвенција за неразградливи органски загадувачи (POPs). Тука пред сѐ станува збор за хексахлорциклохексанот (алфа, бета, гама- линдан и делта изомерите), но и за DDT, DDD, DDE, aldrin, dieldrin, endrin, endosulfan и сл.. Присуството на овие пестициди може да се докаже со соодветно земање на примероци и анализа која може да ја направи во нашата лабораторија. Ефикасноста од примената на препаратот може да се потврди после соодветната примена на препаратот согласно дадените упатства за примена на истиот.
Ремедијацијата на почви преку издвојување на соеви на микроорганизми од самата почва која се третира, за намалување на концентрацијата на пестициди до максимално дозволените концентрации во законската регулатива, е позната во стручната литература, но не е развиена и патентиран таков производ кај нас.
Биоремедијацијата на почвите загадени со пониски концентрации на пестициди е предложена како метод, но не со производ кој е добиен од автохтони микроорганизми. Нашиот производ е произведен со zero discharge технологија, а и самата природа на производот го прави еколошки и безбеден за аплицирање, објаснуваат од „Фармахем“.

Согласно нашите тековни и планирани активности на пазарот и комерцијализација на резултатите од проектот ,,Микроеко“ очекуваме во следните пет години да бидеме во можност да исплаќаме ројалти кон ФИТР, со што би се обезбедиле средства за поддршка на други микро мали и средни претпријатија за развој на нивните иновативни проекти.

Фармахем ДООЕЛ

Лабораторија за животна средина

ул.„Кичевска“ 1, 1060 Скопје

тел. + 89 2 20 50 648

www.farmahem.com.mk

[email protected]

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Зибери: Со синот насадивме 1 ха со аронија, наместо во странство, треба дома да работиме
Кои се барањата за производство на органско вино и органски производи од вино
Закон за органско земјоделско производство: Кои се барањата за да се занимавате со органско растително производство
Закон за органско производство: Барања за органско сточарско производство и органско пчеларство
Закон за органско производство: Барања за производство на органска преработена храна
Таг:ДимзоваМикроекоФармахемФИТР
Претходен напис Живината мора да се затвори! Во Хрватска на сила стапија строгите мерки поради птичјиот грип
Следен напис Складирање и чување на суви сливи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?