Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЕУ: Што сè ќе се нарекува вино?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЕУ: Што сè ќе се нарекува вино?
Агровести

ЕУ: Што сè ќе се нарекува вино?

Објавено 14/05/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Европската Унија започна процес кој ќе овозвожи вината на кои на вештачки начин им е намалена содржината на алкохол, да стекнат право да се нарекуваат вино. Во новата категорија „деалкохолизирани вина“ ќе се најдат и пијалаци со помалку од 0,5 проценти алкохол.

Во рамки на реформите на Заедничката земјоделска политика на ЕУ која ќе стапи на сила на 1 јануари 2023 година, производителите ширум Европа ќе можат да произведуваат вина со помалку од 8,5 проценти алкохол.

Оваа најава веќе предизвика револт во некои земји, додека Италијаните се најгласни во отфрлање на можностите деалкохолизираните вина, како што е името на новата категорија, на пазарот да се изедначат со вината направени по традиционален метод и без намалување на уделот на алкохол.

Советникот на Европската федерација за вина со географско потекло, Даниела Ида Зандона, вели дека ќе биде овозможено со вино да се нарекуваат и пијалаци со минимален процент на алкохол.
Трпезните вина ќе смеат да имаат и помалку од 0,5% алкохол, додека вината со индикација на географското потекло во оваа категорија ќе може да имаат помеѓу 0,5 и 8,5% алкохол, прецизира таа.

Зандона објаснила дека оваа одлука не е обврзувачка, а секој поединечен вински регион сам ќе одлучува дали ќе ја прифати оваа конкретна промена. Одлуката за воведување на новата категорија е донесена поради сè поголемата побарувачка за иновативни производи од грозје кои содржат помалку алкохол од денешниот минимум за вино, се наведува во предлогот за земјоделска реформа на ЕУ.

„Ќе биде интересно да се види кој вински регион прв ќе ги прифати овие правила, а кога ќе се случи тоа, мислам дека „ќе пукне браната“, бидејќи постои голема побарувачка за вакви вина“, вели специјалистот за вино, Кристин Паркинсон.

„Отстранувањето на алкохолот од виното и додавање на вода е најнов „трик“ на Брисел насочен кон винарите“, смета претседателот на Колдирети, Eторе Прандини и додава дека винарите се веќе погодени со предлогот на шишињата вино да се стават предупредувања за штетноста на алкохолот.

Ова здружение наведува дека дозволата за нискоалкохолни пијалаци да се нарекуваат вино ќе означи сквернавење на древните винарски пракси. Во прашање е озаконета измама на купувачите кои наместо вино ќе купуваат вода, оценува Прандини и додава дека постои голем ризик да биде загрозен идентитетот на вината на Италија и цела Европа.

Предлогот да се озакони додавањето на вода во виното е само последна од низата измами на ЕУ која во земјите на Северна Европа веќе дозволила додавање шеќер заради подигнување на нивото на алкохол во виното, што е отсекогаш забрането во медитеранскиот регион, се наведува во соопштението на здружението Колдирети.

Бунтување во Италија поради можниот план на ЕУ за разблажување на виното со вода

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:вино
Претходен напис Во Србија дневницата за берачи на овошје и зеленчук сè поголема, сезонци сè помалку
Следен напис ФИТР и ПроКредит Банка потпишаа меморандум за соработка- најголем број услуги се наменети за стартап компаниите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?