Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бунтување во Италија поради можниот план на ЕУ за разблажување на виното со вода
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бунтување во Италија поради можниот план на ЕУ за разблажување на виното со вода
Агровести

Бунтување во Италија поради можниот план на ЕУ за разблажување на виното со вода

Објавено 10/05/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Европа има намера да осмисли производство на вино без алкохол или вино со помал процент на алкохол, со крајна цел да го подобри здравјето на луѓето, а тоа е токму главната тема деновиве во италијанските медиуми.

Весникот „Кориере дела сера“ пишува за „Бунтот во Италија“ за време на викендот, бидејќи идејата е виното да се разредува со вода, пренесува Вест Аустралиан.

Министерот за земјоделство, Стефано Патуанели, најавил дека Рим ќе се спротивстави на тоа, додека здружението на земјоделци Колдирети предупреди на „измама на потрошувачите“, пренесува италијанската новинска агенција Анса.

– Воведувањето на делумно и/или целосно намалување на процентот на алкохол во виното, како нова практика на производство на вино, претставува голем ризик и исклучително опасен преседан кој сериозно би го загрозил идентитетот на италијанските и европските вина – изјавил претседателот на Колдирети, Еторе Прандини во петокот, пренесуваат странските медиуми.

Продажбата на разредено вино како квалитетен производ досега беше забрането во Европа, потсетија и другите претставници на оваа индустрија. Иако некои љубители на вино сакаат да додаваат во виното обична или минерална вода, за да не се опијат премногу брзо, тоа треба да биде прашање на избор. На крајот на краиштата, вистинските познавачи пијат вино без никакви додатоци.

Исто така, на полиците во продавниците, купувачите можат да најдат вина што се декларираат како безалкохолни. Не е ни чудо што бунтот започнува од Италија, бидејќи таа земја е прва во светот според количината на произведено вино. Според последните податоци, годишниот приход од продажба на вино изнесувал околу 11 милијарди евра.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:виноиталија
Претходен напис Пад на откупните цени на раноградинарските култури во Струмичко
Следен напис Акција за подводно чистење на Дојранското Езеро
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?