Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Србија дневницата за берачи на овошје и зеленчук сè поголема, сезонци сè помалку
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Србија дневницата за берачи на овошје и зеленчук сè поголема, сезонци сè помалку
Агровести

Во Србија дневницата за берачи на овошје и зеленчук сè поголема, сезонци сè помалку

Објавено 14/05/2021
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Дневницата во Србија сè повеќе се плаќа и газдите се подготвени да издвојат голема сума за хектарите овошје да не им пропаднат. Додека едни имаат добри искуства со оваа работа, други се жалат на лошите услови за работа, работа на црно и недостаток на права за боледување. Најмалата дневница за сезонските работници кои берат овошје во Србија е 2.000 динари, додека сè поголем број земјоделци нудат 5.000 динари, но и понатаму – работници нема.

Голем број сопственици се принудени да ги зголемуваат дневниците, на помош да ги повикаат пријателите и семејството, за јагодите, малините и праските да не им пропаднат, бидејќи нема кој да ги обере.

На помош оваа година поради короната не можат да им дојдат ниту работници од Словачка и Романија кои често им ја спасуваа сезоната, бидејќи доаѓаа во групи како професионални сезонски работници.

Иако се мисли дека во сезонската берба на овошје одат главно луѓе кои живеат на село, Немања Ѓуриќ (31) од Белград вели дека тоа всушност не е така. Според неговите зборови, прв пат отишол да работи сезонска работа додека уште бил студент бидејќи му требале пари, а после продолжил поради дружење и забава.

„Одев во село во околината на Делиблатската пештера да берам праски. Тоа не е лесна работа, но друштвото ме „повлече“. Дневниците се плаќаат околу 2.000, добивате ручек, дури и туширање. Има и такви кои со ракија го скратуваат времето и ја олеснуваат работата. Газдите главно се коректни и воздржани, не обрнуваат многу внимание на работниците и никој не ве проверува. Можеш да одмориш кога сакаш во ладовина, но не остануваш предолго, бидејќи тогаш знаеш дека можеби ќе заостанеш со другите во работата“, објаснува Немања како му поминува работата.

Како што вели, дневниците пподоцна биле и многу повисоки, особено за оние работници кои имаат искуство во бербата и имата добри резултати.

Сепак, за некој кој нема многу искуство, препорака е да не оди на работи кои се плаќаат по наполнета гајбичка, туку по фиксна цена на дневницата, бидејќи тешко дека од прв пат ќе успеете да го фатите темпото на оние кои долго работат. Ако бербата е на овошје кое расте на дрво, тоа е многу полесно отколку да се наведнуваш. Кога се во прашање малини или јагоди, кај кои мора да се наведнувате, тоа е тешко кога се работи осум или девет часа. Ако работата ја извршите коректно, сигурно ќе ве повикаат и следната сезона“, вели Немања.

Претходните години во Србија доаѓале многу Словаци и Романци кои се професионални сезонски работници, кои патуваат по разни земји во зависност од сезоната и работата на берба.

Минатата година биле помалку поради короната, што дополнително ја подигна цената на работа и затоа сезонците ќе добијат повеќе, освен ако не е во прашање овошје кое е уништено од мразот.
Порано се случувало сопствениците да избегнуваат веднаш да ги платат парите туку одолговлекуваат, се обидуваат да ги наговорат работниците да извршат уште некоја, дополнителна работа. Сепак, тоа се случува сè поретко, бидејќи работниците се сега попребирливи“ – вели Немања.

Милена Бајиќ (55) од околината на Осечине вели дека после отказот што го добила во фирмата во која работела пред шест години почнала да оди на берење на овошје, но и дополнителни работи, како што е садење, копање и пакување.

„Секогаш имаше работа, никогаш не се случило да не е потребен работник, буквално има работа преку целата година. Тоа не е баш идеална работа за мои години затоа што е многу напорна, но што е тука е. Кога е многу напорно, седнуваме, ручаме, додека често се случува сопствениците да бидат фер и да донесат пијалак, разладување, дури и сладолед. Тоа се веќе луѓе кои со години ги познаваме и со кои работиме – вели Милена, која со оваа работа се занимава за да има пари за двете деца кои одат во средно училиште.

Како што вели, понекогаш и тие одат со неа за да заработат некој динар повеќе, кога немаат обврски во училиште. Сепак, свесна е дека тоа не е работа која е долгорочна бидејќи има бројни маани.

Во текот на летото кога береме малини се приклучуваат доста средношколци и студенти да заработат џепарлак, додека постарите парите најчесто ги штедат за купување, школување на децата, внуците и за лекови. Сезонските работи за многумина се можност да заработат за живот, додека други со дневницата го надополнуваат семејниот буџет. Таму се шегуваме, си помагаме едни на други бидејќи така полесно се работи, ова е сепак тешка работа која ја работи само оној кој мора – вели Милена.

Како што вели, проблем е што повеќето работници работат без документи и немаат право на боледување. Главно се работи на црно, без осгурување. Тоа никому не му е важно додека нешто не се случи, а се случувале повреди при работа. Таа работа нема работно време, слободни денови, боледување и годишни одмори. Кога сите се на море, јас берам овошје. Иако цената на трудот се зголеми затоа што нема работници, многумина и понатаму работат за мали пари, вели Милена.

Недостатокот на работна сила во поедини европски земји се чувствува за одредени сезонски работи. Иако голем број работници од Србија одат во странство, се очекува поради короната оваа година голем број да останат во Србија.

Извор: blic.rs

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:сезонцисрбија
Претходен напис Најголема цена на бензинот во САД во последните седум години
Следен напис ЕУ: Што сè ќе се нарекува вино?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?