Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Елвис Дадо Хорватиновиќ: Здравјето на живината го одржува со лук, оцет и пепел – како што правеле нашите стари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Предлог бизнис > Елвис Дадо Хорватиновиќ: Здравјето на живината го одржува со лук, оцет и пепел – како што правеле нашите стари
Предлог бизнис

Елвис Дадо Хорватиновиќ: Здравјето на живината го одржува со лук, оцет и пепел – како што правеле нашите стари

Последна измена: 19/03/2020 23:54
Сподели
8 мин. за читање
Сподели

Како што  правела неговата баба, така сега и Елвис Дадо Хорватиновиќ користи природни производи за заштита на живината. Тој ги сподели своите совети и искуства со нашите читатели.

Без разлика дали живината се одгледува за производство на конзумни јајца или пак за месо, најчесто се  користат концентрати кои содржат големи количини на адитиви како што се антибиотици, кокцидиостатици, антиоксиданти, пигменти  и разни сврзни супстанци. Сите овие додатоци се вештачки создадени и имаат различна функција и една улога – да се зголеми конзумацијата и конверзијата на храната соо цел да се зголеми растот на бројлерите или за зголемување на производството на јајца.

 Во сточарството растот трендот на користење на штое можно повеќе  природна храна и многумина се одлучуваат за „алтернатива“ во спречувањето на разни болести, паразити,и за  зајакнување на имунитетот.

 Елвис Дадо Хорватвиновиќ, основач на популарната група на Фејсбук – „Од нива до масата,“ на  коа несебично споделува совети со своите следачи кога станува збор за одгледување на кокошки. Еден од нив го привлече и нашето внимание – примена на лукот во одгледувањето на живината .

„Во светот на новиот милениум и глобализација, покрај  сите оволности што ни ги носни новото време, се соочуваме и со негативната  стран, а тоа се рзни болести. Исто како луѓето што подлежат на пад на имунитетот, така и кај  животните, без разлика дали се домашни миленици или домашни животни што ги одгледуваме на фармите “, коментира Хорватиновиќ.

 Животните,  ги одгледува на ист начин како што тоа го правеле неговите прдци.

 Елвис е роден во село во Градец, каде што пораснал  а денес бидејќи поголемиот дел од работниот ден го поминува во Загреб, секогаш се враќа на нивата. Животните во своето земјоделско стопанство ги одгледува на начин како и неговите предци. „Поради недостаток на време, затоа што работам во градот и живеам сам со моето дете, не можам да чувам толку животни колку што би сакал, но во последните години мојот двор е полн со различни видови живина“, ни кажува Елвис.

  Како што се троши човечкиот организам, кое нападнато од разни болести доживува пад на имунитетот, тоа  им се случуваат и на животните. Дадо е еден од оние кои, наместо фармацевтски лекови и разни адитиви, почесто бира„алтернативи“ и домашни производи за зајакнување на имунитетот и за лечење на животните. На тој начин се обидува да ја лечи и живината која се наиѓа  во неговиот  двор. Тој чува разни видови живина во своето домаќинство, почнувајќи од кокошки и тоа стари домашни раси , потоа афрички таканаречени бисерки, разни видови патки, гуски, мисирки …

Овој млад земјоделец вели: „Се воодушевувам на нивната убавина секој ден и уживам во нивното друштво. Тие бараат малку а даваат многу. За жал, и тие се подложни на разни болести и напади од разни паразити “ .

За да ја заштити живината од нападите на разни паразити и да им го зајакне имунитетоттој во исхраната им додава лук

 За да се спречат болестите кај живината и да се подигне имунитетот во периодот на одгледување на еднодневни пилиња , тој им додава лук во водата , кој сам го одгледува без употреба на вештачки ѓубрива и пестициди. Добро се познати сите придобивки од лукот, кој кај живината помага да се уништат и спречат разните цревни паразити, но и надворешните паразити. Исто така, го подига имунитетот на организмот и ги одвраќа разните паразити со тоа што „испарува“ и ослободува интензивен мирис преку кожата.

„ Кога пилињата се стари само еден или два дена, ситно сецкам неколку чешниња лук и ги ставам во околу 5 литри вода и ваквата мешавина им ја давам од 5 до 7 дена по ред. Исто така, неколку пати годишно на овој начин  ја третирам и возрасни живина “.

 Елвис вели дека живината добро реагира на водата со лук и дека со задоволство  ја пијат, а за возврат даваат здрави јајца и вкусно месо. Хорватиновиќ во текон на разговорот  истакнува: „Порано нашите баби не знаеја за готовите мешавини, концентрати и адитиви кои денес секојдневно се користат за  гоење и чување на животни, туку им давале разни домашно припремени смеси. “.

 Поради благата зима, има идеални услови за појава на паразити и болести

 Со оглед на тоа што зимата која не беше како што треба да биде полека заминува, овај преоден период е идеален за најразлични вируси, бактерии и паразити кај живината. Еден од нив е ектопаразитската црвена гриња (Dermanycus galline), кој е сеприсутен во кокошарниците. Водата со лук живината со задоволство  ја пие. Dermanycus galline е паразит што се јавува кај сите видови домашна живина, птици и многу често може да се пренесе и на други животни кои се во контакт со заразената живина.

Последиците од нападот на ектопаразитите се губење на тежината кај живината,забавено гоење на младата живина, додека кокошките престануваат да лежат на јајцатаи ги напуштаат гнездата. На кожата се манифестира со црвенило како резултат на големиот број убоди, додека во тешки случаи може да настане смрт.

 Лукот и јаболковата киселина, исто така, дејствуваат како антибиотик, а пепелта го спречува нападот  од штетници „Покрај„ третирањето “со лук, постои уште еден добар метод, а тоа е јаболковата киселина“ открива Хорватвиновиќ, која истотака ја додава во водата.

 Рецептот е сличен како онај со лукот. Во 1 децилитар. Јаболкова киселина се додава во 5 литри вода и процесот се повторува  5 до 7 дена. Лукот и јаболковата киселина, покрај тоа што го штитат и зајакнуваат имунитетот, даваат одлични резултати и како антибиотици.

Покрај се погоре наведеното,неговите кокошки секогаш имаат на располагање и пепел. Со оглед на тоа дека се грее на дрва, пепелта ја собира и ги посипува во текот на целата година на одредени места каде живина се „бања“, и на тој начин се спречуваат нападите од ектопаразитите и разни други штетници. На крајот, Дадо  вели: „Можам слободно да кажам дека моите пилиња, освен што се здрави се и среќни“.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Од кисела зелка до сливи во чоколада: Како 52 производители од селата кај Чачак, Горњи Милановац и Лучан се собраа и отворија онлајн продавница
(ВИДЕО) Боне Спасовски од Виничани држи час по лозарство: После три години работа, од темјаниката очекувам добар род!
Директорот на Платежна агенција Илија Стоилев : Почнавме со 5 пчелни сандаци, сега имаме 65 и голема љубов кон пчеларството
Дејан ги наплаќа садниците 10 евра: Без неговиот производ нема ни Дубаи чоколадо
Млад брачен пар започнал бизнис: Прават домашен оцет од диви јаболка, сремуш и глуварче без никакви додатоци
Таг:Елвис ДадоживинарствоЗа заштита на здравјето на живинатаЛук и оцет
Претходен напис Владата го задолжи МЗШВ да утврди мерки во врска со извозот на јагниња
Следен напис Прес конференција на министерот Димковски: Исплата на субвенции, ИПАРД, актуелна состојба во аграрот…
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?