Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Еко – бизнис: Од семки од кајсии и сливи, Ивана и Марко прават здрав производ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Еко – бизнис: Од семки од кајсии и сливи, Ивана и Марко прават здрав производ
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВОРурален Развој

Еко – бизнис: Од семки од кајсии и сливи, Ивана и Марко прават здрав производ

Објавено 13/01/2021
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Семките од кајсиите или од сливите прво се крши, се вади јадрото, кое потоа ќе се исситни и измеша со семе од лен и тиква. Како „шлаг на торта“ доаѓа една сува слива, а на крајот во сето ова се додава мед.

Вака настанува новиот производ кој сопружниците Ивана и Марко Момировиќ го прават во слободното време. Нивното семејно земјоделско стопанство „Момировиќ“ се наоѓа во село Свилеуво кое всушност е едно од најголемите села по површина во Србија.

Токму таму, недалеку од Коцељево, семејството на Марко од 1760 година одгледува овошје и од него прави разни видови на ракија. На 6,5 хектари имаат насадено сливи и тоа најмногу од чачанските сорти, а на еден хектар одгледуваат и кајсии и дуњи.

Бидејќи секоја година по преработката на овошјето им остануваат семките кои се одвојуваат во текот на производството, овој млад брачен пар се одлучил на пазарот да понуди нешто ново.

– „Се е домашно, медот е од нашите кошници, а семките од нашите овоштарници. Кога ќе ја направиме ракијата, семките што остануваат ги сушиме. Сувите сливи се од комшиите, од Коцељево“, раскажува Марко.

Медот со додатоци кој симбилично го нарекле „ЗДРАВОЈЕ“ прво почнале да го прават за себе и за своето семејство и редовно го консумирале наутро. Бидејќи по природа се дружељубиви и често имаат гости, почнале на сите да им нудат мини-дегустација, во замена за слаткото од сливи.

Резултатите биле добри, а пријателите и роднините почнале да се распрашуваат за нивниот производ во тегличка. Така стигнале до оваа еколошка бизнис идеја.

– „Почнавме да правиме за пријатели, а потоа помисливме дека можеме нашиот производ да го понудиме и на другите љубители на природата. Вкусот на почетокот е сладок поради медот, а кога ќе почнете да ги грицкате семките, доаѓаат горчливите вкусови на кајсијата и сливата. Потоа повторно доаѓа благото од сувата слива, додека тиквата и ленот помалку се чувствуваат за време на јадењето. Се на се, додека го консумирате овој микс се провлекуваат тие пријатно слатко- горки вкусови“, објаснува Ивана.

Ивана е дипломиран економист за ревизија и сметководство, а Марко, инженер за прехрамбена технологија на растителни производи.

– „ Важно правило, односно знак дека семките од сливи се суви ,е кога тие ќе почнат да тропаат како златници кога ги префрлате од еден во друг сад“, открива Марко една од тајните на занаетот. Како некој кој се усовршил во областа на природните науки, Марко вели дека никогаш ништо не сака да фрла во природата и дека секогаш се труди да не ја загадува. Од морална, но и од финансиска страна се труди во производството да има што е можно помалку отпад, но и со рециклажа целиот нус производ да го искористи на најдобар начин.

– „Со сестра ми Ивана, која сега со сопругот живее во Австралија, често како деца јадевме семки од кајсија. Секогаш ни беа таинствени, па иако со горчлив вкус, нас како деца ни беше тоа слатко. Веројатно поради тоа што секогаш беа спакувани како некој подарок кој моравме да го отвориме за да го изедеме. На секое „кршење“ на семките со помош на чекан многу се радувавме“, се потсетува Марко и додава дека токму со сестра му пред неколку години за прв пат дошле на идеја за производство на мед со додатоци, кој сега го прави со сопругата.

– „Со медот направивме баланс помеѓу слаткото и горкото, а за да биде производот нутритивно богат додадовме лен кој е добар за варењето и семки од тиква кои се добри за простата. Бидејќи сме во западна Србија, неизоставен беше заштитниот знак на нашиот крај – сува слива“, објаснува Марко.

Марко е задоволен што успеал да ја спои својата струка со родното место и што има слобода здравите плодови што ги одгледува да ги претвори во здрав производ. Ивана вели дека станува збор за посен микс во кој нема дополнителни шеќери, како и дека најчесто им се клиенти семејни луѓе кои ја сакаат природата и се што е домашно.

– „ Долго сме заедно и цело време размислуваме за позитивни работи и планираме заедно и да создаваме. Од силна желба, нешто да направиме наместо да фрламе создадовме производ на кој сме горди“, изјавил Марко и додава дека за него и селото и земјата претставуваат слобода и инспирација.

„ Нема ништо поубаво од тоа кога нешто произведувате и можете да го јадете вие , вашите деца и луѓето кои ќе ги сакате. Нема ништо поубаво од тоа кога ќе послужете некој со нешто чии состојки ги познавате и кои самите сте ги произвеле. Тоа е доживување не само за домаќинот туку и за гостите, бидејќи кога целосно сте посветени на она што го работите, тогаш тоа е вистинската работа“, велат Ивана и Марко тие на крај.

Извор: pricesadusom.com

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
Таг:Здравојесемки од кајсијасемки од слива
Претходен напис Земјава, оваа година ќе биде домаќин на Балканскиот интернационален вински натпревар
Следен напис Британска веганска компанија нуди 50.000 фунти за тримесечен пост
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?