Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјава, оваа година ќе биде домаќин на Балканскиот интернационален вински натпревар
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Земјава, оваа година ќе биде домаќин на Балканскиот интернационален вински натпревар
АгровестиСаеми и манифестации

Земјава, оваа година ќе биде домаќин на Балканскиот интернационален вински натпревар

Објавено 13/01/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Десеттото јубилејно издание на Балканскиот интернационален вински натпревар (BIWC) ќе се одржи од втори до четврти јуни годинава во Скопјe, а Балканскиот фестивал на виното во Софија од 17-ти и 19 јуни 2021 година.

Балканскиот меѓународен натпревар 2021 во Скопје ќе го организира здружението Вина на Македонија со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и на Македонската асоцијација на сомелиери, како и со медиумско партнерство од страна на повеќе регионални и интернационални медиуми.

Натпреварот има за цел подобра интеграција на винарските визби од сите балкански земји и нивна зголемена изложеност во регионот и Европа. Најдоброто вино на Балканот ќе биде избрано од престижното жири кое ќе дојде во нашата држава и оваа година ќе вклучува најмалку четворица носители на титулата Master of Wine.

-Со скоро 1,8 милиони тони вино годишно, Балканот е на 5-то место во светот, веднаш зад најголемите земји производители на вино – Италија, Франција, Шпанија и САД. Балкански интернационален вински натпревар е настан што ја обединува регионалната и светската елита на вино за да ги откријат богатството и разновидноста на балканските вина. Голема чест и задоволство ни преставува што оваа година, кога се слави и јубилејното 10-то издание на натпреварот, ние како земја ќе бидеме домаќини. Ова преставува големо признание за македонската винска индустрија и еден од позитивните начини да ја презентираме нашата винска земја во најдобро светло, изјави извршниот директор на здружението Вина од Македонија, Елена Младеновскa Јеленковиќ.

Во 2021 година, BIWC ќе организира и други помали настани со цел да ги промовира балканските вина во регионот на Балканот и во Европа.

-Верувам дека енергијата и инспирацијата што ги вложуваме во организацијата на Балканскиот интернационален вински натпревар ќе ни овозможат да направиме уште еден голем натпревар во Скопје. Кризата од минатата година беше неочекувана и ѝ предизвика голема штета на винската индустрија. Но, производителите на вино се луѓе кои работат со страст, амбиција и инспирација. Верувам дека настаните, како што се овој натпревар и фестивалот на виното на Балканот, обезбедуваат платформа што винарските визби можат да ја искористат за справување со кризата, вели Галина Нифороу, управен директор на BIWC.

Главната мисија на BIWCF е промовирање на балканските вина и винската култура во балканскиот регион и низ целиот свет. Претседател и жири на натпреварот традиционално е Константинос Лазаракис, првиот носител на титулата Master of Wine на Балканот.

-Балканското вино е симбол на квалитет и автентичност што потрошувачите ја ценат. 10-тото јубилејно издание на BIWC ќе им помогне не само на љубителите на вино, туку и на претставниците од HoReCa секторот да запознаат повеќе регионални вина и производители, истакнува Лазаракис.

После натпреварот, ќе биде организирана изложба со сите примероци на 4 јуни на местото на одржување на BIWC во Скопје, на која ќе бидат поканети деловни претставници, сомелиери, дистрибутери и љубители на вино. Предвидена е богата програма на мастер-класови и семинари за сите вински професионалци и љубители на вино од Македонија и за гостите од странство.

Минатата година наградата „Најдобро вино на Балканот“ ѝ беше доделена на српската винарница Александровиќ за виното Trijumf Sauvignon Blanc 2019, а македонските винарници, покрај бројните златни, сребрени и бронзени медали се закитија и со следниве трофеи: Трофеј за најдобро црвено вино од локални балкански сорти беше ѝ доделен на Винарска визба Тиквеш за виното Barovo Red 2017 и Трофеј за најдобро вино од Македонија беше доделен на Винарница Камник за виното Terroir Grand Reserve 2015.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:BIWCВински фестивалСкопјесофија
Претходен напис Од попладне нови врнежи, во западните делови снег, за викендот студено
Следен напис Еко – бизнис: Од семки од кајсии и сливи, Ивана и Марко прават здрав производ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?