Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: EK: Вонредна поддршка од 15 милиони евра за земјоделците во Чешка, Словенија и Германија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ЕУ > EK: Вонредна поддршка од 15 милиони евра за земјоделците во Чешка, Словенија и Германија
ЕУ

EK: Вонредна поддршка од 15 милиони евра за земјоделците во Чешка, Словенија и Германија

Објавено 22/05/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На 22.05.2025 година, земјите-членки го поддржаа предлогот на Европската комисија за користење на 15 милиони евра од земјоделската резерва за поддршка на земјоделците во Чешка, Словенија и Германија кои беа погодени од неповолни временски услови и појава на болести кај животните.

Оваа мерка ќе помогне во поддршката на погодените земјоделци од овие земји кои претрпеле огромни загуби. Комисијата предложи да се доделат 7,4 милиони евра за Чешка, 2,9 милиони евра за Словенија и 4,8 милиони евра за Германија.

Во септември 2024 година, Чешка беше погодена од обилни дождови, силни ветрови и поплави кои влијаеа на производството на земјоделски култури, како и на овошје и зеленчук.

Во Словенија, ниските температури во втората половина на април 2024 година имаа влијание врз производството на одредени видови овошје и зеленчук, како и на лозовите насади.

На 10 јануари 2025 година, Германија потврди и извести за појава на болести во сојузната покраина Бранденбург која ги зафати биволите. Како одговор на ова, Германија брзо спроведе низа неопходни мерки за здравје на животните и ветеринарни мерки во согласност со законодавството на ЕУ, вклучувајќи дополнителни ограничувања за спречување на понатамошно ширење на болеста. Беше воведена општа забрана за движење на одредени видови стока низ цел Бранденбург. Овие вонредни мерки, иако неопходни, имаа значителни економски последици за земјоделците во соседните области.

Паричната помош заради неповолни временски услови може да се надополни со до 200% од национални средства. Поддршката за земјоделците кои претрпеле пазарни загуби во контекст на појава на болест кај животните се кофинансира од страна на засегнатата земја-членка. Националните власти треба да ја распределат помошта до земјоделците најдоцна до 31 декември 2025 година во Чешка и Словенија, а до 30 ноември 2025 година во Германија, осигурувајќи се дека земјоделците се крајните приматели на оваа помош.

Европската заедница ја усвои Заедничката земјоделска политика (CAP) за периодот 2023–2027 и истата вклучува годишна земјоделска резерва од најмалку 450 милиони евра. Оваа резерва е наменета за справување со пазарни нарушувања или исклучителни настани што влијаат на производството или дистрибуцијата на земјоделски производи.

Со оглед на зачестеноста на неповолни климатски настани, Европската комисија ја нагласува важноста од зајакнување на алатките за управување со ризици и промовирање на нивната поширока употреба низ целата ЕУ. Покрај тоа, се препорачуваат проактивни мерки за решавање на основните причини и подобрување на отпорноста на фармите во среднорочен период.

Со најновите предлози за поедноставување, ќе биде возможно воведување нови кризни плаќања во рамките на Стратегиските планови на CAP, наменети за земјоделците кои се соочуваат со природни катастрофи.

Може да ви се допадне

Над 40 милиони евра се префрлени на 9.565 земјоделци во рамките на еко-шемата за зачувување на потенцијалот на почвата
Од 1 јули дополнително намалување и целосно усогласување на царинските стапки со ЕУ за 70 суровини и репроматеријали што се користат во домашната индустрија
До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
Албанија напредува во преговорите со ЕУ – Рама и Кос: Европската интеграција влегува во одлучувачка фаза
ЕУ го казни „Тему“ со 200 милиони евра заради нудење и пласирање нелегални производи
Таг:вонреднаеуземја членкамилиониподдршка
Претходен напис Димитриеска-Кочоска на средба во СКСМ – Намалуваме царини на 70 производи, ќе се зголеми производството и извозот
Следен напис ЕУ: Најмалку 450 милиони евра резервен фонд за земјоделците за справување со пазарните нарушувања
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?