Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЕК: До 2030 година 25 отсто од земјоделството да биде органско
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > ЕК: До 2030 година 25 отсто од земјоделството да биде органско
Агровест

ЕК: До 2030 година 25 отсто од земјоделството да биде органско

Објавено 04/09/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Европската Комисија денеска отвора јавна консултација за иднината на органското земјоделството, целта е во следните десет години, 25 отсто од земјоделството да биде посветено на органско производство, јави дописничката на МИА од Брисел.

За Европската Комисија органското земјоделство ќе стане приоритетно, вели еврокомесарот задолжен за оваа област, Јануш Војчеховски. За да се постигне таа цел ќе треба да се донесат дополнителни законски акти, за кои ќе треба да преговараат земјите членки и европратениците.

Меѓутоа под притисок на одредени лоби групи како и на земји во и вон ЕУ, законската рамка за органско земјоделство што требаше да стапи на сила на 1 јануари 2021 се одложува за една година, на први јануари 2022.

Еврокомесарот тврди дека тоа не ги менува амбициите на Европската Комисија.

-Органското земјоделство ќе биде клучен сојузник во транзицијата што ја водиме кон поодржлив прехранбен систем и подобра заштита на органскиот сектор. Комисијата ќе продолжи да го поддржува органскиот сектор во целта – 25 отсто од земјиштето да биде искористено за органско производство до 2030 година преку соодветни политики и законска рамка, изјави Војчеховски.

Органското земјоделско производство користи природни супстанци и има помалку штетен ефект врз животната средина. Земјоделците кои работат органско производство користат значајно повеќе обновливи ресурси и внимаваат на заштитата на еколошкиот биодиверзитет, преку одговорна употреба на природните ресурси како водата. Под органско земјоделство се подразбира и многу построга заштита на животните и нивните потреби.

Може да ви се допадне

„Македонцки феномен“: Туѓиот успех не го инспирира, туку го вознемирува и затоа го омаловажува
Вентилатори и ролетни како решение: Зошто нема повеќе климатски услови во Европа?
МЗШВ: Известување за претпазливост
Петто издание на винскиот фестивал во Охрид
Поради ремонт на пругата Скопје-Зелениково за „Градскиот воз“, од утре времено без возови од Скопје за Велес, Гевгелија и Битола
Таг:ек
Претходен напис (Видео) Спасена пелистерска мечка во атарот на село Крстоар
Следен напис Валандово има потенцијал во агросекторот за бизнис соработка со Јапонија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?