Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Петрески: Само модерно производство кое ќе ги следи новите технологии може да гарантира успех


Владимир Петрески од Охрид е нова генерација на агробизнисмени кој ја продолжува семејната традиција во земјоделското производство. За овоштарството и гардинарството вели дека е сериозна работа која не трпи импровизации и стихијност. Токму затоа предизвик е да се добие конкурентен производ кој нема проблем со пласманот.

„Мислам дека за да се постигне успех во земјоделствоот неопходна е макотрпна работа која е пропратена со доста љубов, сериозност и желба за нешто повеќе во овоштарството. Но не би можел сам во сето тоа без фамилијата од која сум наследил разни познавања кон земјоделството“ – вели Владимир кој додава дека заедно со семејството обработуваат 3хектари земја.

„Како Семејно земјоделско стопанство обработуваме 3 хектари од кои 2 хектари се под овошни насади и тоа со јаболка, круши, праски, сливи и 1 хектар се градинарски култури – домат, зелка, брокула и карфиол. Околу пласманот гледаме да немаме проблеми ради тоа што работиме со долгогодишни купувачи со кои имаме изградено меѓусебна доверба но се јавуваат и ситуаци во кои пазарот ја диктира потрошувачката. Тоа се неколку пиљари, два магацини на големо и сопствена тезга на градскиот пазар“- вели Владимир

Охрабрени од досегашното работење и традиција во производството, Владимир најавува за во иднина уште поголем ангажман и прилагодување на македонските производи на европските стандарди.

„ До сега искористивме еден повик од ИПАРД 2 програмата за модернизација на земјоделското стопанство во механизација и еден повик од програмата за рурален развој обновливи извори на енергија за модернизација за земјоделските стопанства односно фотонапонски систем за електрична енергија која ќе се користи за системите за наводнување. Само модерно производство кое ќе ги следи новите технологии може да гарантира успех- заклучува Владимир.

Окт 24, 2019agrotim1
Трговците предупредуваат: годинава повторно проблем ќе биде индустриското јаболкоЧудните моќи на „чувар на куќата“

Напишете коментар Откажи одговор

24/10/2019 Растително производствобизнис, владимир, јаболка, круши, охрид, петрески, сливи1,105

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019