Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кумови од Бјелина започнаа бизнис: Домашен сок од роза наскоро и во кафулињата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Кумови од Бјелина започнаа бизнис: Домашен сок од роза наскоро и во кафулињата
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВОПазари

Кумови од Бјелина започнаа бизнис: Домашен сок од роза наскоро и во кафулињата

Објавено 20/07/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Двајцата кумови од Бјелина (БиХ), Владимир Миличевиќ и Дарко Тешиќ, започнаа со производство на целосно природен сок од рози, кој наскоро ќе биде достапен и во кафулињата.

Владимир Миличевиќ вели дека нивната цел била, на сите кои сакаат сок од рози да им овозможат да го пијат во својот омилен локал.

– „Причината е многу едноставна. Сокот од рози е идеален за освежување во жешките летни денови, има одлична арома и вкус. Овој сок ги разгалува и душата и телото. Секој кој некогаш во животот пробал сок од рози, вели дека тоа е најдобар освежителен пијалок и ние  сакавме тоа да им го овозможиме на сите“, вели Миличевиќ и додава дека во бизнисот влегол заедно со кумот, Дарко Тешиќ.

Тие го регистрирале земјоделското стопанство и со помош на семејството, еден пријател технолог и еден земјоделски инженер, ја набавиле кралицата на сите рози, а тоа е  сортата “ROSA DAMASCENA”.

„Пред две години ја набавивме оваа сорта на рози и ја засадивме на семејното стопанство во Голема Обарска. Ништо не знаевме за одгледувањето на рози, но имавме голема помош од нашиот пријател Небојша Алексиќ, млад инженер по земјоделство. Со помош на неговите совети и под негова контрола  ги применувавме сите агротехнички мерки“ раскажува Владимир.

Истакнува уште дека, нивните рози не ги третираат со конвенционални препарати, туку исклучиво со органски.

-„Инаку розата е многу отпорно растение, но потребно е да се заштити од лисните вошки како и од разни штетници кои можат да и наштетат. Доколку забележиме дека во голема мера се појавуваат одредени инсекти кои им штетат на розите, тогаш физички ги отстрануваме. Главно, има многу работа околу одржувањето на растенијата, се додека не дојде оној најубавиот и волшебен момент, кога тие почнуваат да цветаат. Тоа чувство не може да се опише со зборови, а секој кој дошол на имотот во периодот кога цветаат, се воодушевил од мирисот што тие го имаат, особено во утринските часови“.

Како што вели, рецептот за сокот е ист таков, како што го правеле и нивните баби и мајки, а тоа им била целта. Ги користат само ливчињата од розата, а се останато се фрла.

-„Розите мораат малку да отстојат за да ја испуштат својата арома, па потоа сокот се полни во шишенца, подготвени за дегустација. Не се додаваат никакви конзерванси, сокот е целосно природен. Особено децата, просто се воодушевени, а слично реагираат и сите останати кои досега имале можност да го пробаат“, објаснува Владимир.

Во план им е оваа година да го пласираат сокот на пазарот во Бјелина и евентуално во околните општини и градови.

-„Имаме доста планови, но нивната реализација во голема мера ќе зависи од тоа како ќе реагира пазарот. За крај морам да ги пофалам вработените во министерството за земјоделство, кои ни помогнаа во најкраток можен рок да ја добиеме потребната документација бидејќи тоа е  најважно. Многумина мислат дека улогата на министерството е финансиски да помагаат, а всушност најважно е од стручни лица да добиете помош и совет како да  надминете некој проблем.“, заклучува Владимир.

Извор: Агропортал.ба

Може да ви се допадне

КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Насади со ФСТАЦИ – перспектива за македонското овоштарство: Услови, набавка на садници, садење, резидба…
(ВИДЕО)Одгледувањето на ова растение носи астрономски профит! Ретко кој го одгледува, а има одлична основа за добра берба
Килограм чини неколку илјади евра, а Европа е луда по ова растение
Млад брачен пар започнал здрав бизнис: Тие прават домашен оцет од диви јаболка, сремуш и глуварче без никакви додатоци
Таг:Бијелинаприроден сокрозиСок од рози
Претходен напис Од денеска продолжуваат ИПАРД инфо деновите
Следен напис Денеска, 21- ви јули, во 14 часот ИПАРД инфо ден во Демир Капија, во 15 часот во Валандово
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?