Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Денеска, 21- ви јули, во 14 часот ИПАРД инфо ден во Демир Капија, во 15 часот во Валандово
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Денеска, 21- ви јули, во 14 часот ИПАРД инфо ден во Демир Капија, во 15 часот во Валандово
АгровестиФондови

Денеска, 21- ви јули, во 14 часот ИПАРД инфо ден во Демир Капија, во 15 часот во Валандово

Објавено 21/07/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Aгенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, заедно со Телото за управување со ИПАРД, при министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од денеска, по посебен протокол утврден од Комисијата за заразни болести при министерството за здравство, продолжуваат со реализација на работилниците за ИПАРД 2 програмата. По новиот протокол, инфо средбите ќе се реализираат на отворено а на влезот на секоја локација ќе бидат поставени два пулта на кој ќе се врши дезинфекција и мерење на телесна температура а ќе се делат заштитни маски,брошури и рекламен материјал за посетителите.

На овие работилници, сите заинтересирани лица, може да се информираат за можностите и начинот на кој се аплицира, како и за тоа кој документи им се потребни за да се добијат средства од ИПАРД 2 програмата, поточно за Мерка 1 „ Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства“.

Денеска, 21- ви јули, во 14 часот ќе почне работилницата во Демир Капија, а во 15 часот во Валандово.

Веќе во среда од 11 часот земјоделците од Вранештица ќе може да се информираат за можностите кои ги нуди ИПАРД 2 програмата и Мерка 1. Додека од 15 часот жителите на Пласница ќе имаат можност да се запознаат со можностите кои ги нуди ИПАРД 2 програмата поточно Мерка 1 „ Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства“ .23- ти јули, од 11 часот, караванот продолжува во Другово, а веќе од 15 е во Демир Хисар.

Земјоделците од Тиквешкиот регион ќе можат да ги чујат деталите за ИПАРД 2 програмата во петок, 24 – ти јули. Работилницата во Неготино почнува од 11 часот додека во Кавадарци од 14 часот.

Во понеделник, 27- ми јули караванот на ИПАРД инфо деновите од 11 часот ќе биде во Зајас и од 15 часот во Осломеј. Последниот ИПАРД инфо ден ќе се одржи во Конче на 28 – ми јули со почеток од 11 часот.

Преку овој отворен повик, односно со Мерка 1 „ Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства“ на располагање се 9,2 милиони евра.

Мерката 1 „Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства“ е финансиска поддршка составена од средства обезбедени од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) согласно Финансиската Спогодба 2014-2020 и средства обезбедени од Буџетот на Република Македонија и финансиски средства по поединечно барање кои што се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ од 60% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за мерка 1. Процентот се зголемува до 65% за инвестиции во земјоделски стопанства предложени од страна на млади земјоделци (физички лица на возраст од 18 години до 40 години на денот на поднесување на барањето за финансиска поддршка) и 70% за инвестиции во земјоделски стопанства во планинските области.

Крајниот рок за поднесување на барањата за Мерка 1 „ Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства“ е 03 август 2020 година.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Валндоводемир капијаипард инфо ден
Претходен напис Кумови од Бјелина започнаа бизнис: Домашен сок од роза наскоро и во кафулињата
Следен напис Следува понатамошен продор на Африканскиот бран кај нас
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?