Одлична вест за почеток на нов проект Договорно производство на зелка. Иницијативата е на земјоделскиот производител Јован Петков од Валандово, кој поттикнат од успешниот проект со Договорното производство на органска пиперка, нѐ контактираше и вчера имавме првична средба на оваа тема.
Се работи за сериозни производители на зелка од Валандово, кои можат да испорачаат и 500 тони од овој земјоделски производ.
„Мое и на Агротим е сега да најдеме преработувачи со кои ќе склучат договор со што тие ќе имаат сигурен пласман, а преработувачите обезбедена домашна суровина за преработка. За таа цел ќе разговарам со Македонската асоција на преработувачи (МАП) и со МЗШВ за поддршка на овој проект со што најдирекно ќе им помогнат на земјоделците за пласманот, а ќе се зголеми и девизниот прилив од извоз на преработената зелка.
Неделава ќе имам повеќе информации кои ќе ги соопштам после разговорите со сите заинтересирани за овој проект, а договараме и трибина за вторник (следна недела) во Валандово, на која ќе има претставници од земјоделците, преработувачи и претставници од МЗШВ, а очекувам поддршка и од локалната власт.
На трибината ќе има информации и за договорното производство на органска пиперка, проект за кој исто така има интерес и од страна на земјоделците од Валандовско.“, рече Ленче Николовска, директорка на Агротим.
Договорно производство на зелка, нов проект на Агротим
Остави коментар
Остави коментар