Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Седум најголеми заблуди за маслиновото масло
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Седум најголеми заблуди за маслиновото масло
Магазин

Седум најголеми заблуди за маслиновото масло

Последна измена: 26/01/2020 18:19
Сподели
4 мин. за читање
Сподели

Можеби мислите дека знаете сè за маслиновото масло, но овој вкусен, здрав и хранлив производ е многу покомплексен отколку што изгледа.

Ако  сакате да бидете сигурни дека го јадете најдоброто и го користите на вистински начин, прочитајте ги седумте факти за масиновото масо што треба да ги знаат сите.

1.Маслиновото масло од продавница е секогаш свежо

Иако предходно добро складирано, увозното маслиново масло што го наоѓаме во продавниците е старо често пати и до три години. Но, за разлика од виното, за маслото не важи правилото колку е постаро , толку е подобро. Замислете го како исцеден сок од маслинки што најдобро се консумира додека е свеж. Ако сакате да бидете сигурни што јадете, купете масло  на кое е наведена  годината на берба.

2.Чувајте го квалитетното маслиново масло за салати и користете го поевтиното за готвење

Сосема погрешно. Колку е маслото поквалитетно и посвежо, толку подобро може да издржи високи температури. Исто така, при готвењето не губи на квалитет и храната ќе биде далеку повкусна и поздрава.

3.Маслиновото масло треба да се чува само во стаклено шише

Оваа теза е само делумно точна. Чувањето на маслото во стаклени шишиња е добро, но мора да биде изработено од темно стакло, бидејќи маслото реагира на светлина. Светлината  ја менува неговата структура и со тоа го губи квалитетот. Меѓутоа често се користи и, лимена амбалажа  која е исто така добра.

4.Чувајте го маслиновото масло на вашата работна површина, секогаш да ви биде при рака

Уште една многу честа грешка. Маслиновото масло најдобро е да се чува во затворен кујнски плакар или во оставата. Причината за тоа е што светлината во никој случај не е погодна за маслото. Таа ја менува структурата на маслото и со тоа маслото го губи својот квалитет.

5.Храната не треба да се динста на маслиново масло

Повторно погрешна информација. Истражувањата покажуваат дека квалитетното масло не ја менува структурата до 200 Целзиусови степени, што значи дека можете слободно да го користите за да динстате свежа храна. Кога е изложено на високи температури, маслиновото масло се однесува далеку подобро од сите други масла кои се користат  во домаќинството, со оглед на неговата висока содржина на олеинска киселина. Имајте на ум дека овде не станува збор за пржење на храната.

6.Маслиновото масло нема многу калории

Погрешно! Иако е многу здраво и хранливо, маслиновото масло е сепак масло. Содржи голем број на калории, но, за разлика од другите  растителна масло или мастите, има ниско ниво на холестерол. Исто така е моќен антиоксиданс со висока хранлива вредност за што вашето тело ќе ви биде благодарно.

7.Доброто маслиново масло има фантастичен благ вкус

 Иако љубителите на масиновото маслото веднаш ќе се согласат, треба да знаете дека чистото, квалитетно и свежо маслиново масло е всушност со многу интензивен вкус. Има горчливост која се „чувствува “ на јазикот, што можеби не им одговара на сите, особено ако сте навикнати да купечките рафинирани масла.

Извор: Агро-еко Магазин

Може да ви се допадне

Македонското макало моментално е најдобриот сос на светот а може да се направи за 5 минути
Дали млеката од растителна основа се навистина поздрава? Секогаш проверувајте ги овие состојки на етикетата
Градинарството како лек: Како работата во природа го подобрува менталното здравје и го продолжува животот
Како телото „кажува“ дека има недостаток на витамин Ц?
Избрани овогодинешните зет и невеста за Галичка свадба – Јован и Лилјана
Таг:7 факти за маслиновото маслоЗабуди за масиновото масоМаслиново масо
Претходен напис Добри и лоши соседи кај растенијата
Следен напис Почнува вториот циклус на работната група за земјоделство од Национаната конвенција за ЕУ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?