Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Министерот Димковски со порака до откупувачите на зелка: Утре на странските партнери да им понудите повисоки цени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Министерот Димковски со порака до откупувачите на зелка: Утре на странските партнери да им понудите повисоки цени
Агровест

Министерот Димковски со порака до откупувачите на зелка: Утре на странските партнери да им понудите повисоки цени

Последна измена: 16/04/2020 14:20
Сподели
4 мин. за читање
Сподели

На денешната прес конференција, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски одговараше на новинарски прашања на актуелни теми во земјоделското производство.

Едно од новинарските прашања се однесуваше на откупот на зелка и проблемите кои ги имаат земјоделците со откупувачите кои не ја почитуваат договорената цена од 15 денари.

-Состојбата околу пласманот на зелка ја следевме од самиот почеток и одржавме состанок на барање на трговците каде што се разговараше да се задржи цената. Но овде на површина излезе еден проблем кој со години се провлекува и во иднина мора да биде реорганизиран целиот овој откуп  и  ниската цена кон странските купувачи  доведе до овој проблем. Порака до откупувачите уште утре на своите странски купувачи да им понудат повисока цена бидејќи цената на зелката на странските пазари не е намалена. А исто така ќе мора да се направат и одредени законски измени затоа што ваквата состојба не смее да продолжи – изјави Димковски.

Новинарите се интересираа и за актуелниот откуп на јагне и на новите мерки на Владата за зголемување на субвенцијата како мерка за намалениот откуп годинава.

Колку јагне се извезе и колку ни остана и дали ќе има доплата во разликата, затоа што мерката за оставено женско јагне значи пари догодина , а сточарите се сега во криза?

-Последните податоци велат дека годинава се откупени некаде над 100 000 јагниња, што значи дека во споредба со минатите години откупот е намелен , но мерката што ја договоривме уште на почетокот на сезоната уште кога се наговестуваа ови проблеми поддршката за женско јагне и зголемента вкупна сума да биде  2 500 денари дава резултати. Според разговорите со откупувачите моментално на пазарот се останати некаде околу 10 000 јагниња што можат да се откупат – рече Димковски и додаде дека очекуваат за разлика од предходните години, годинава да бидат оставени  околу 60 000  женски јагниња повеќе , односно вкупно годинава да бидат оставени околу 160 000 за репродукција.

Производителите на јагнешко бараат властите да се договорат со кланиците како би можеле да добијат поголема откупна цена за јагнињата. Кој е ставот на МЗШВ?

-Договорената  цена меѓу сточарите и кланиците е сепак еден договор помеѓу два ентитета и јас секогаш зборувам дека ние сме отворени за соработка во овој дел но цената ја постигнуваа договорните страни. Ние како министерство преку здруженијата на одгледувачите на овци  сме во контакт со сточарите, ја следиме ситуацијата и примената на мерките и на крај дали мерката ги дава очекуваните резултати – одговори Димковски.

Рековте се дека се бараат алтернативни пазари за јагнето , ги спомнавте Иран и Јордан , можете ли да кажете колку  количини се  се извезени дали има некои проценки , колку од јагнето е останато и дали е проектирана некоја сума за обештетување на сточарите.

-Планот со Јордан не е реализиран но морам да кажам дека земјоделците,  поради новата мерка за оставено женско јагне  се одлучија еден добар дел 60 000 јагниа да ги остават и да не ги понудат на пазарот. Па според тоа вклучувајќи ја и ваквата поддршка од буџетот ќе се издвојат околу 8 милиони евра. Ова се некои максимални бројки но за многу бргу ќе ги знаеме и точните бројки. Извозниците се одлучија да ги задоволат потребите на традиционалните пазари, а тоа се Италија , Србија , Грција.  Иако се појави еден  проблем со Бугарија со воведувањето нецарински тарифни бариери сметам дека во моменто на пазарот има околу 10 000 јагниња кои се очекува да бидат откупени до крајот на месецот – рече Димковски на денешната прес конференција во Владата на РСМ.

Може да ви се допадне

Откупот на зелка годинава одличен: Просечна цена 43 денари за килограм, 30 милиони евра девизен прилив
Лозарите ги покриваат виновите лози за да ги заштитат од ниските температури
Трипуновски: Ќе ги забрзаме процесите за обештетување на посевите од измрзнување на повеќе култури како што се праска, кајсија, дуња, цреша и други
Во струмичко пролетната зелка се откупува по РЕКОРДНА ЦЕНА, за килограм се плаќа повеќе од едно евро
Првите леи веќе се подговени: Бајрам Лековиќ годинава ќе сади тутун на 1 ха, дупло повеќе од лани
Таг:Cenaзелкапартнери
Претходен напис (ВИДЕО) Димковски: Ги повикуваме граѓаните да купуваат домашни производи
Следен напис (ВИДЕО) Министерот Димковски за откупот на јагнето: На пазарот има уште 10 000 јагниња што можат да се откупат
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?