Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Министерот Димковски за откупот на јагнето: На пазарот има уште 10 000 јагниња што можат да се откупат
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Сточарско производство > (ВИДЕО) Министерот Димковски за откупот на јагнето: На пазарот има уште 10 000 јагниња што можат да се откупат
Сточарско производство

(ВИДЕО) Министерот Димковски за откупот на јагнето: На пазарот има уште 10 000 јагниња што можат да се откупат

Последна измена: 16/04/2020 14:33
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

На денешната прес конференција, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски се осврна и на актуелниот откуп на јагнешко месо и проблемите на сточарите околу цената и побарувачката.

Новинарски прашања и одговори:

Колку јагне се извезе и колку ни остана и дали ќе има доплата во разликата, затоа што мерката за оставено женско јагне значи пари догодина , а сточарите се сега во криза?

-Последните податоци велат дека годинава се откупени некаде над 100 000 јагниња, што значи дека во споредба со минатите години откупот е намелен , но мерката што ја договоривме уште на почетокот на сезоната уште кога се наговестуваа ови проблеми поддршката за женско јагне и зголемента вкупна сума да биде  2 500 денари дава резултати. Според разговорите со откупувачите моментално на пазарот се останати некаде околу 10 000 јагниња што можат да се откупат – рече Димковски и додаде дека очекуваат за разлика од предходните години, годинава да бидат оставени  околу 60 000  женски јагниња повеќе , односно вкупно годинава да бидат оставени околу 160 000 за репродукција.

Производителите на јагнешко бараат властите да се договорат со кланиците како би можеле да добијат поголема откупна цена за јагнињата. Кој е ставот на МЗШВ?

-Договорената  цена меѓу сточарите и кланиците е сепак еден договор помеѓу два ентитета и јас секогаш зборувам дека ние сме отворени за соработка во овој дел но цената ја постигнуваа договорните страни. Ние како министерство преку здруженијата на одгледувачите на овци  сме во контакт со сточарите, ја следиме ситуацијата и примената на мерките и на крај дали мерката ги дава очекуваните резултати – одговори Димковски.

Рековте се дека се бараат алтернативни пазари за јагнето , ги спомнавте Иран и Јордан , можете ли да кажете колку  количини се  се извезени дали има некои проценки , колку од јагнето е останато и дали е проектирана некоја сума за обештетување на сточарите.

-Планот со Јордан не е реализиран но морам да кажам дека земјоделците,  поради новата мерка за оставено женско јагне  се одлучија еден добар дел 60 000 јагниа да ги остават и да не ги понудат на пазарот. Па според тоа вклучувајќи ја и ваквата поддршка од буџетот ќе се издвојат околу 8 милиони евра. Ова се некои максимални бројки но за многу бргу ќе ги знаеме и точните бројки. Извозниците се одлучија да ги задоволат потребите на традиционалните пазари, а тоа се Италија , Србија , Грција.  Иако се појави еден  проблем со Бугарија со воведувањето нецарински тарифни бариери сметам дека во моменто на пазарот има околу 10 000 јагниња кои се очекува да бидат откупени до крајот на месецот – рече Димковски на денешната прес конференција во Владата на РСМ.

Може да ви се допадне

Трипуновски: Имаме сериозен раст во делот на откупот и пласманот на земјоделските производи според податоците на ДЗС
Младиот компир во струмичко ќе се откупува за 35 денари килограм
(ВИДЕО) Трипуновски: Со откупувачите на младиот компир се постигна договор во корист на земјоделците
Заменик министерот за земјоделство, Флакрон Беџети си поднесе оставка
(ВИДЕО) Лазов: Aко итно не се преземат мерки да се зголемат површините со сончоглед, заради малите количини и нерентабилноста ќе престанеме со откуп
Таг:јагнекланициминистероткуп
Претходен напис Министерот Димковски со порака до откупувачите на зелка: Утре на странските партнери да им понудите повисоки цени
Следен напис Остануваат истите правила за движењето на земјоделците за време на полициски час
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?