Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Девет европски земји планираат големи вложувања во ветропаркови во Северно Море
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Девет европски земји планираат големи вложувања во ветропаркови во Северно Море
Агровест

Девет европски земји планираат големи вложувања во ветропаркови во Северно Море

Објавено 13/09/2022
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Девет земји членки на организацијата „Северноморска енергетска соработка“ во текот на следните децении планираат големо зголемување на производството на електричната енергија преку офшор електраните на ветер, како дел од напорите за борба против климатските промени и за постигнување независност од увозот на фосилни горива, особено од Русија.

Германските власти соопштија дека членките на организацијата имаат намера до 2030 година да го зголемат производството на енергијата од ветер во регионот на 76 гигавати. Следните цели потоа се: 193 гигавати ветерна енергија од Северното Море до 2040 година и 260 гигавати до средината на векот. Германското Министерство за економија и енергетика соопшти дека моменталниот производствен капацитет во регионот е помал од 20 гигавати.

Членки на „Северноморската енергетска соработка“ се Белгија, Данска, Франција, Германија, Ирска, Луксембург, Холандија, Норвешка и Шведска. Обединетото Кралство, кое има свои големи планови за производство на енергија од ветрот на својот брег, не е членка на организацијата, откако во јануари 2020 година ја напушти Европската унија.

Минатиот месец, седум европски земји со пристап до Балтичкото Море ветија дека до 2030 година седумкратно ќе го зголемат производството на енергија од офшор електраните на ветер.

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Спреј од лук и бибер – Најлесниот рецепт за контрола на инсекти
Официјално се означи почетокот на проектот „Имплементација на мерките за организација и уредување на земјоделските пазари“
Таг:ветропаркови
Претходен напис Незгодите на нивите можат да бидат трагични – што може да се стори за да не дојде до тоа?
Следен напис Ковачевски од Атина: Договоривме непречено снабдување со лигнит, јаглен и мазут преку Грција
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?