Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АХВ: Во Радовиш и Пепелиште одземени околу два тона месо и производи од месо
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АХВ: Во Радовиш и Пепелиште одземени околу два тона месо и производи од месо
Агровести

АХВ: Во Радовиш и Пепелиште одземени околу два тона месо и производи од месо

Објавено 29/10/2026
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Околу два тона небезбедно свежо и замрзнато месо, како и подготовки од месо, се одземени вчера по вонредните инспекциски контроли во малопродажни објекти за месо, подготовки и преработки од месо на подрачјето на Општина Радовиш што ги спроведе Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и денеска ќе бидат уништени на депонијата „Дрисла“.

Како што информира АХВ, вчера биле спроведени контроли и кај физичко лице во неготинското село Пепелиште, кое вршело неодобрена дејност – производство на димени месни производи и чварки и нивна продажба преку социјалните мрежи. Од него се одземени 50 килограми подготовки од месо (печеница, кулен, димена сланина,…).

-Одземените производи се без декларација за потеклото и биле чувани и преработувани во несоодветни и нехигиенски услови, што претставува сериозен ризик за безбедноста на храната и здравјето на потрошувачите, наведува АХВ.

Агенцијата најавува дека инспекциските контроли ќе продолжат, со цел заштита на здравјето на граѓаните и спречување нелегално производство и промет на небезбедна храна. 

- Реклама -
Ad image

АХВ

Може да ви се допадне

Министерот Серафимовски на средба со претставници на Делегацијата на Европската Унија
Хоџа на Balkan Summit 2026: Во фокусот управувањето со водите, земјоделскиот извоз и инвестициите
АД ЕСМ ќе спроведе редовна годишна ревизија на енергетската инфаструктура во ХЕЦ Шпилје, неколку часа без струја Дебар, Центар Жупа и Маврово-Ростуше
Завршен настан на проектот „Поддршка во спроведувањето на директивите за квалитет на воздухот“
Можност за нов трактор и механизација со ГРАНТ од ИПАРД
Таг:ахвдва тонаПепелиштеРадовиш
Претходен напис Густа супа од карфиол
Следен напис Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 29.10.2026 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?