Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АД ЕСМ ќе спроведе редовна годишна ревизија на енергетската инфаструктура во ХЕЦ Шпилје, неколку часа без струја Дебар, Центар Жупа и Маврово-Ростуше
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АД ЕСМ ќе спроведе редовна годишна ревизија на енергетската инфаструктура во ХЕЦ Шпилје, неколку часа без струја Дебар, Центар Жупа и Маврово-Ростуше
Агровести

АД ЕСМ ќе спроведе редовна годишна ревизија на енергетската инфаструктура во ХЕЦ Шпилје, неколку часа без струја Дебар, Центар Жупа и Маврово-Ростуше

Објавено 29/10/2026
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

АД ЕСМ ја известува јавноста дека во рамки на подготовките на електроенергетскиот систем за претстојната зима утре стручен тим на Подружница ХЕС Црн Дрим ќе изведе неопходни планирани годишни испитувања на релејната заштита на регулациониот трансформатор (РТР) 110/35 kV, на 35 kV изводи и техничка ревизија на примарната опрема на дел од 110/35 kV разводната постројка во ХЕЦ „Шпилје“.

-Поради планираните инвестициски активности, во периодот од 10.30 до 14.30 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат потрошувачите од општините Дебар, Центар Жупа и Маврово-Ростуше. Вообичаено, редовната годишна активност предвидува прекин на електричната енергија за предметните општини во времетраење од осум часа, но со цел да се избегнe подолготраен прекин, зафатот ќе се одвива со оптимизирана динамика и за првпат, ќе се изведе во рок од четири часа со цел да се минимизира периодот предвиден за прекин на напојувањето со електрична енергија – информираат од АД ЕСМ.

Овие неопходни превентивни проверки, велат, се клучни за безбедноста на системот во текот на претстојната зима и се во интерес на потрошувачите во општините Дебар, Центар Жупа и Маврово Ростуше. 

МИА

- Реклама -
Ad image

Може да ви се допадне

Хоџа на Balkan Summit 2026: Во фокусот управувањето со водите, земјоделскиот извоз и инвестициите
Завршен настан на проектот „Поддршка во спроведувањето на директивите за квалитет на воздухот“
Можност за нов трактор и механизација со ГРАНТ од ИПАРД
Пријавен јачмен, а на терен – базен, објекти, необработени површини и тревна вегетација!
ОПШТИНИТЕ – Клучни за реализирање на Мерка 7 од ИПАРД: Нема инвестиции без урбанистички план
Таг:АД ЕСМбез струјаинфаструктура ХЕЦ Шпилјеревизија
Претходен напис Завршен настан на проектот „Поддршка во спроведувањето на директивите за квалитет на воздухот“
Следен напис Хоџа на Balkan Summit 2026: Во фокусот управувањето со водите, земјоделскиот извоз и инвестициите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?