Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Јагодата е баран производ и тоа претставува предноста при одгледувањето – сè што произведувам, го продавам од мојот куќен праг – вели младиот Матија од Хрватска


„Сите кои читајќи ја мојата приказна ќе посакаат да започнат со одгледување на јагоди, ги советувам слободно да побараат помош од мене, за се што ќе им затреба да се посоветуваат, бидејќи ако влезат во оваа слатка авантура како целосни аматери, ќе треба да поминат една година само во учење и собирање  на потребните информации,“ порачува 29-годишниот Матија Брињак, медицински техничар, а сега земјоделец.

Во неговото мало село Велики Бановац кое се наоѓа во околината на Пакрац, Матија Брињак е единствениот производител на овошје, а од оваа година и на зеленчук. Без никакво искуство тој започнал да  производува јагоди. Целокупната инвестиција ја направил  со сопствени средства, а трудот кој го вложил во јагодите  му се исплатил уште со првата берба, кога младиот земјоделец набрал 2 тони јагоди. Оваа година планира да го прошири производството со лубеници и со зелена салата, а неговите планови не звршуваат тука.

„Ако некој, пред десет години ми речеше дека ќе се занимавам со земјоделство, само ќе му речев „ нема шанси “. Сепак, јас се пронајдов себе си во работата под отворено небо“, вели 29-годишниот медицински техничар Матија Брињак. Во неговото семејство, Матија,  е прв  кој што се занимава со  земјоделство, односно како што самиот вели  го „скршил мразот“. Иако е вработен во Здружението за унапредување на инклузии во Пакрац,  кога почнал да одгледува јагоди , тој се заљубил во производството под отворено небо.

Приносот од два тони јагоди ги надмина неговите очекувања

„На крајот од  2017 година,  отворив фирма за земјоделство, а во пролетта 2018   ги засадив првите 4.000 садници јагоди. Иако јагодите се садат во средината на август, решив да експериментирам со пролетното садење и засадив јагоди од сортите clery и joly на почетокот на април. После 60 дена веќе ја имав  прва берба. Приносот беше 250 килограми, што ги надмина сите мои очекувања бидејќи е познато дека јагодите најпрво треба да бидат добро вкоренети. Би истакнал дека, во првата година, експериментирав само со наводнување на почвата без додавање на прихрана “, се сеќава Матија на своите први чекори, кои, како што вели, биле многу тешки затоа што немал искуство, па морал да  помине многу време учејќи и барајќи стручни совети.

 Резултатите од напорната работа не изостанале, па земјоделското стопанство на Матија, минатата година, ја имаше и првата вистинска берба на јагоди. “Со оглед на бројот на садници и временските услови кои беа крајно неповолни за јагодите, јас бев повеќе од задоволен со ланската берба. Набравме 1.600 килограми  јагоди прва класа и 400 килограми јагоди втора класа. Тоа е одличен принос од 2.000. квадратни метри површина ,на кои се засадени  осум реда јагоди, во должина од 85 метри, или  вкупно 700 метри “, вели младиот земјоделец, кому јагодите му се прво, но не и последно овошје. Од оваа година  тргнува во нови предизвици.

Лубеници во западна Славонија

„Покрај јагоди, оваа година ќе го зголемиме производството со тоа  што ќе  насадиме  нови култури – ќе си  ја пробаме среќата со одгледување на  лубеници и на зелена салата. Планираме да го зголемиме производството и понатаму, но во рамките во кои можеме да ја завршиме целата работа во кругот на семејството”, вели Матија, на чие земјоделско стопанство работат и неговата сопруга, родителите и братот , а во сезоната на берба, секогаш има и дополнителна  помош. Засега не планира да ангажира работници, бидејќи целиот бизнис го започнал со свои ресурси,  и како што вели  тој, ова за нив , бил голем залак, така што ќе биде потребно време инвестицијата да се врати.

„Сакам да се промени лошиот однос помеѓу земјоделските производители. Не треба да гледаме едни на други како на  конкуренција, бидејќи  колку повеќе квалитетни  производители има дома , толку помалку увозни производи ќе бидат застапени на пазарот“

 „Бидејќи немам доволно обработливо земјиште и доволен број садници, немам право да аплицирам за  било која од мерките во програмата за рурален развој. Јас исто така не  земам субвенции и сето она што го работам, го финансирам сам, со свои средства. Исто така требаше  да се купат  и лакови за ниски тунели, фолија , целокупниот репроматеријал и садници, така што инвестицијата се искачи до неколку илјади евра “, вели Матија.

 Иако многу земјоделци се жалат дека проблемот е во продажбата на производите, за  Матија  тоа не е проблем.

Се развива, чекор по чекор, со вложување на сопствени средства

 „Јагодата е баран производ и тоа претставува  предноста при одгледувањето – сè што произведувам, го продавам од мојот куќен праг. Но, проблемте со кои сите сме соочени при производството под отворено небо се временските услови. Затоа ,планирам, најмалку 2.000 садници јагоди да ги ставам под пластеници каде што ќе има само јагоди, а исто така планирам да направам  уште еден пластеник  од 70 метри квадратни каде што ќе  производувам   зелена салата, пиперки и домати. Но, ова се прилично големи трошоци, па затоа планирам да одам  чекор по чекор “, вели младиот Славонец кој иако работи полно работно време, сепак секој миг од слободното време го минува во своето земјоделско стопанство. Крајната цел, вели тој, е  да има годишно производство од 2.500 килограми јагоди (5000 садници), 2.500 килограми лубеници и 500 килорами зелена  салата.

„Ако моите финансии ми дозволат ќе го зголемам производството,  и тоа пред се мислам на производство во пластеници, затоа што производството на отворено е голем ризик“, вели младиот земјоделец  и гордо истакнува дека младите не заминуваат од ова мало место , и дека во оваа област на растојание од само 1 километар  работат  5 до 6 семејни фарми.

 „Повеќето земјоделци од оваа област се занимаваат со одгледување на житни култури. Засега јас сум единствениот кој се занимава со овоштарство, а од оваа година и со градинарство. Сите кои  читајќи  ја мојата приказна и ќе  посакаат сами да започнат со одгледување на јагоди, ги советувам слободно да побараат помош од мене и за се  што ќе сакаат да се  посоветуваат, бидејќи ако влезат во оваа слатка авантура како целосни  аматери, ќе поминат една година само во учење и собирање  на потребните информации., вели нашиот соговорник.

Домашните производители само обединети можат да се натпреваруваат со увозот

Кога започнал со овој бизнис, Матија, посетил десетина фарми за да добие барем некои корисни информации, совети или упатства преку разговори со искусни одгледувачи, но ретко кој сакал да му помогне

 „Информациите тешко ги добивав, морав да научам скоро сè. Сакам да се промени  лошиот  однос помеѓу домашните земјоделци. Не треба да гледаме едни на други како на  конкуренција затоа што колку повеќе има квалитетни домашни производи, толку помалку ќе се  увезува. Ниските  цени на увезените производи  не се секогаш пресудни за привлекување на купувачите.“

Матија е убеден дека квалитетот е најважниот фактор за успешно земјоделство.

Извор:Агроклуб

Фев 18, 2020agrotim2
Услови за аплицирање за мерка 1: Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанстваПодземните гаражи во европските метрополи стануваат места за одгледување на печурки и ендивија

Напишете коментар Откажи одговор

18/02/2020 Предлог бизнисјагоди, Јагоди под пластеници, Матија Брињак1,522

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019