Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Подземните гаражи во европските метрополи стануваат места за одгледување на печурки и ендивија


 Во многу европски градови, бројот на автомобили се намалува и како резултат на тоа, подземните гаражи остануваат празни. Затоа жителите на Париз решија тоа да го искористат па така  просториите каде порано се собирале наркомани  и дилери на дрога , станаа место за одгледување зеленчук.

 Во Париз има се помалку и помалку автомобили, како и во другите европски градови. Огромните подземни паркинзи остануваат празни поради овој тренд, а во исто време има зголемена побарувачка од органски зеленчук. Фирмата Циклопоника преку својот почетен проект „Ла Кавер“ осмислила  да  ги користо токму овие  урбани објекти за одгледување зеленчук.

Одгледувањето на 200 килограми зеленчук со кои  секојдневно би се  снабдувале  локалните маркети во Париз, на прв поглед  било голем предизвик.  Но Жан-Ноел Герц и Тео Шампанат ја превзеле таа одговорност уште во 2017 година. Во близина на метро станицата Порте де ла Чапел, тие развиле земјоделско стопанство со големина од  3.500 метри квадратни, лоцирано во некогашната подземна гаража каде започнале да одгледуваат печурки и ендивија.

Отвориле  нови 15 работни места

Првичната  идеа за користење на  подземните објекти потекнува од Стразбур. „Има насекаде празни гаражи. Јас започнав во просторија од 150 м2, но луѓето не сакаа да се откажат од паркирањето таму“, рече Жан-Ноел Герц, еден од двајцата основачи на Циклопоника. Потоа  Герц и Шампанат се пријавиле за учество на јавен повик во  Париз, со кој  челниците на градот сакале  празните подземни гаражи да ги претворат во нешто корисно, наместо  таму  да се собираат дилери и зависници од дрога.

Поминале повеќе од две години откако дрогата се заменила со органско производство на зеленчук , а исто така биле отворни и околу 15 нови работни места.

Неопходно е да се обезбеди есенска клима во текот на целата година

 Овој проект станал реалност поради вештините на неговите основачи. Герц е машински инженер, а неговиот партнер Шампанат, агроном и комбинацијата на овие две професии, се покажала како идеална за неговата имплементација.

„Потребни ни се  многу прецизни услови за контрола на болестите и  за одгледување на органскиот зеленчук. Значи, цело време, мора да создаваме есенски услови, односно соодветна влажност и температура, но исто така ни треба и  зголемена вентилација”, објасни Герц.

 Шампињоните,   буковката  и  шитакето  растат во бали со слама покриени со фолија, а во овој начин на одгледување сè е прилагодено за да се обезбеди оптимален раст на печурките кои добиваат светлина преку LED осветлување. Тие исто така  одгледуваат и ендивија која расте во мрак.

Урбаното земјоделство  како отпор кон климатската криза

Земјоделството на вакви необични места обезбедува подобар отпор кон климатските промени. Паразитите и инсектите се прилично ретки во подземјето, иако заразената слама или садниците од ендивијата можат да бидат вектори на болестите, како што е склеротинијата, која уништила дел од овогодинешниот принос на ендивијата.

 Друга предност на зеленчукот што се одгледува во градовите, на места како што се подземните гаражи, е што тие не се загадени од штетни микрочестички.

 “Во Париз, како и во многу други европски метрополи, луѓето сè помалку користат автомобили и сè повеќе подземни гаражи  се неискористени, особено во најсиромашните населби. Посетивме и неискористени гаражи во Елисејските полиња“.

 Овој  проект ги заинтересирал и другите европски градови, но засега оваа компанија е ориентирана кон Бордо и Лион.

Извор:Агроклуб

Фев 18, 2020agrotim2
Јагодата е баран производ и тоа претставува предноста при одгледувањето - сè што произведувам, го продавам од мојот куќен праг - вели младиот Матија од ХрватскаПроменливо облачно, попладне дожд

Напишете коментар Откажи одговор

18/02/2020 Магазинендивија, париз, печурки, подземни гаражи2,009

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019