Во државата нема активни пожари заклучно со 7 часот утрово. Изгаснати се 16-те пожари што биле активни на отворен простор во 10 општини – покажуваат податоците на Центарот за управување со кризи.
Според ЦУК, се интервенирало на гаснење два пожари во општина Прилеп, со кои под репетиторот на МТВ и манастирот „Трескавец“ биле зафатени ниска вегетација, шипови и леска, како и ниска вегетација на местото наречено Заград – Десовски пат.
Во селото Бучим во општина Радовиш се запалиле тракторска приколка, бали слама и сушница за тутун, во општина Гостивар гореле ниска вегетација на улицата Боге Вељаноски и дрва на улицата Балиндолска, отпад на улицата Октомвриска револуција во општина Куманово.
Во Сарај со пожар биле зафатени стрниште во Горно Свиларе, мешана шума во Радуша, ѓубре кај наплатна рампа Глумово, во општина Долнени ниска ветегација во селото Бело Поле, а во општина Валандово стрниште во село Брајковци.
Интервенции имало и во општина Велес, во местото Дурутовец (ниска вегетација, грмушки и деградирана шума) и на патниот правец Скопје – Велес (ниска вегетација), како и во Тетово на улицата Вонвардарска (ѓубре), во Гази Баба во селото Јурумлери (ѓубре) и во општина Битола во селото Оризари, каде што горела ниска вегетација – информира ЦУК преку објава на својот „Фејсбук“.
ЦУК
