Уште минатата година во хрватските полиња е забележано присуство на работници од Херцеговина. Затворените граници сега го спречија нивното доаѓање. Но земјоделците во Вргорац не се загрижени или можеби се плашат тоа да го кажат гласно.
По затворањето на границите, луѓето од странство се вратија во своите матични земји и веднаш се постави прашањето – кој ќе ги бере плодовите по европските полиња. Пролетта пристигна, а западните земји се снаоѓаат како што знаат и умеат, па така на пример Германија дозволи влез на 80 000 сезонски работници.
Во Грција пак, се планира отварање на границите за сезонски работници од Албанија. На грчките земјоделци им се потребни 50 000 берачи на овошје и зеленчук, а освен од Албанија, сезонци доаѓаат и од Романија и Бугарија.
А кој ќе го спасува хрватскиот род? Наместо „Ке одам да работам на море“ се чини дека ќе биде „Ќе одам да работам во полето“.
Работниците од Херцеговина ќе ги заменат туристичките работници
Во околината на Вргорац овие дена започна бербата на јагоди. Уште минатата година во хрватските полиња работеле сезонци од Херцеговина. Затворените граници сега ги спречија во тоа.
„Имаме доволно сезонски работници. Дури и повеќе од тоа што ни треба“. Помалку воздржано, раскажува претседателот на здружението на производители на јагоди во Вргорац- Слободан Дропулиќ. Вели дека јагодите ќе ги берат работниците кои останаа без работа во туризмот. Но се наметнува прашањето, како оние кои никогаш не береле јагоди ќе ја завршат оваа работа. Берењето е пипава работа, се работи со клечење што може да биде незгодно ако се работи повеќе сати, а и деновите се се потопли.
„ Ќе има се и сешто“- вели Дропулиќ, како да сака да ги исфрли мислите од главата за тоа што се ќе се случува на неговата плантажа. Додава дека се работи од 6 до 14 часа. На работниците ќе им бидат обезбедени заштитни средства, маски, ракавици, дезинфициенти, санитарни чворови, а хранатавќе зависи од договорот.
Вели и дека на работниците никогаш досега не им се плаќала толку висока цена, тој плаќа 30 куни на час. Само за споредба минатата година плаќале 20 до 25 куни на час. Ако се работи 30 дена , а јагодите не признаваат ни сабота ни недела, може да се заработи добра плата.
Работниците би можеле после бербата на јагоди да отидат и да берат друго овошје, но Дропулиќ со воздишка вели „ Годинава нема да има овошје“.
За среќа сега е поголема и побарувачката на јагоди, држат и добра цена, околу 22 куни за киолграм. „ Пет пати да набереме по толку сити би ги продале. Сега сите ги сакаат нашите јагоди, се јавуваат од сите трговски центри. Сега се сетија на нас. Но сега кога сите ја бараат јагодата, таа слабо зрее. Ноќите се ладни бидејќи сме отворени кон морето. Но добро е што тоа ќе и ја продолжи сезоната.“ раскажува Дропулиќ.
За крајот заклучокот е дека можеби оваа пандемија на корона вирусот ќе не научи сите да го цениме домашното и дека ќе се одлучуваме на паметни чекори.
„Луѓето го запоставија земјоделството и сега е тешко да се вратат на старо. Некогаш само со нашите полиња ги снабдувавме сите одморалишта и хотели . Ако целата земја што се наоѓа во овој регион се обработува би можеле да обезбедиме 100 тони овошје и зеленчук , дневно. Би имале не само за домашниот пазар , туку и за извоз“-заклучува на крајот соговорникот.
Велат дека после корона вирусот ништо нема да биде како порано. Можеби повратниците од западните земји , кои сега се вратија во своите села и на својата земја, ќе се одлучат на уште похрабри чекори- да започнат бизнис во земјоделството, бидејќи ако нешто научивме во оваа криза тоа е дека човекот мора да јаде. Плодна земја, барем на овие простор има, само уште политиките мора да се сменат и тогаш каде би ни бил крајот?!
Извор: Агроклуб