Кризата која ја предизвика корона вирусот уште еднаш ја покажа важноста на земјоделскиот сектор, особено производството на храна. Сега е вистинско време да размислувате или да се одлучите да се занимавате со земјоделско производство.
Наш предлог бизнис е – Подигнување овошен насад со круша на 1 ха површина. Во продолжение ги имате сите потребни информации со финансиска конструкција на почетна инвестиција, субвенции, ИПАРД, принос и заработка:
Независно дали се подигаат поголеми или помали овошни насади или пак се садат поединечни овошки, правилниот избор на времето, како и стручното изведување на садењето, во голема мера влијаат врз приемот на садниците, порастот и родноста на овошното растение.
Садниците од различните овошни видови може да се садат во текот на целиот период на мирување на вегетацијата, односно од опаѓање на листовите наесен сè до потерување на пупките во следната пролет. Во практиката се издвојуваат три периоди на садење на садниците: есенско, зимско и пролетно. Секој период на садење на садниците има свои предности и недостатоци.
ПОДГОТОВКА НА ПОЧВАТА
При подигањето на овошните насади во нашите климатски услови, кои се претежно аридни, треба да се почитува правилото „летна подготовка на површината, а есенско садење на садниците”. За почитување на ова правило треба да се обезбедат два услова, и тоа:

Во текот на летните месеци да се изврши длабока подготовка на површината. При летното подготвување почвата се изложува на сончевата радијација, при што се врши извесна дезинфекција и уништување на штетните микроорганизми, доаѓа до оксидација и преведување во достапна форма на многу минерални материи, се сушат и уништуваат ризомните плевели. Доколку се планира подигање на насади рано наесен, површината треба да биде подготвена што е можно порано, најдоцна до крајот на септември, за подигнатата почва да слегне и да биде изложена на атмосферските влијанија најмалку 1-2 месеци.
Доколку немате сопствена механизација, цената на услугата – риголовање изнесува 400 – 500 евра.
НАЈВАЖНО Е ДА СЕ КОРИСТАТ КВАЛИТЕТНИ САДНИЦИ
Се сади на растојание 4 х 2.5 м на генеративна подлога и 4 х 1.5 м на подлога дуња.
Саден материјал може да се набави од неколку расадници и тоа Овоштар -Аргулица, во Штип, Опитно поле Скопје, Агрокалем, Тимјаник Неготино…а цените се движат од 2 до 2,5 евра – произведени во Македонија или 3 – 5 евра увозни од Италија, Шпанија или Грција.

При набавка на садниците треба да се внимава на добар развој на кореновиот систем и надземниот дел како и на здравствената состојба.
При подигање на насад треба да се води сметка на реaкцијата на почвата (рН). На почви со висока рН треба да се избегнува подлога дуња.
За насади на подлога дуња потребна е шпалирна потпорна конструкција.

САДЕЊЕ
Во практиката, во расадниците многу често се случува форсирање на порастот на садниците во септември и октомври при што се оддолжува вегетацијата или, пак, се корнат садници сосе листови и со незадрвенети ткива. Ова особено се случува кај форсираното едногодишно производство на садниците.
Во никој случај не смеат да се вадат и употребуваат садници сосе листови и несозреани ткива бидејќи листовите брзо ги дехидрираат извадените садници, тие се без доволно резервни материи, не се подготвени за зимско мирување и секогаш даваат послаб прираст во наредната вегетација.
При раното есенско садење на садниците, направените рани при скратувањето на коренчињата брзо калусираат, така што во текот на есенскиот и зимскиот период почвата се прилепува кон корењата, започнуваат да растат нови апсорпциони коренчиња и напролет садницата навреме започнува да вегетира, истовремено со другите овошки. При раното есенско садење најдобро е садниците да се посадат до крајот на ноември и првата половина на декември, односно пред појавата на силните зимски мразеви.
Во овој период вообичаено влажноста и структурата на почвата е најпогодна за садење на садниците. Ако нема доволно влага во почвата, садењето не треба да се одложува, туку задолжително треба да се изврши полевање на садниците при садењето или веднаш потоа.
Есенското садење на садниците особено треба да се применува за коскестите овошни видови: праска, кајсија, слива, бадем, цреша, вишна, чиј коренов систем е многу осетлив на подолги манипулации, трапење, претрапување, транспорт и сл. За овие видови најдобро е преземањето на садниот материјал од расадниците да се врши во моментот на вадењето, со што се презема свеж материјал кој веднаш оди на садење или трапење близу до новиот насад.
БОЛЕСТИ И ШТЕТНИЦИ
Во насади од круша најопасна болест е бактериската пламеница (Erwinia amylovora ) Има квалитетни сорти кои се отпорни на оваа болест.

Од штетниците посебно треба да се обрне внимание на крушкина болва-псила. Борбата со други болести и штетници е рутинска работа.
Доколку се одлучите за органско производство на круша, тогаш на следниов линк имате совет за зимска заштита на крушата.

СИСТЕМ ЗА НАВОДНУВАЊЕ КАПКА ПО КАПКА
Инвестицијата во систем за наводнување е неопходност за ова производство. На пазарот има фирми кои нудат различни понуди, а цената зависно од конфигурација на терен и други предуслови, се движи околу 95 000 за еден хектар.
Доколку до површината има довод на вода инсталирањето на систем за наводнување капка по капка чини околу 1200 евра по хектар. Доколку треба да се копа бунар за вода трошоците се зголемуваат за ценат на ископот на бунарот.
Цената за копање на бунар изнесува 30-50 евра по метар длабочина.
Друга инвестиција е мелиоративно ѓубрење, арско ѓубре, минерално ѓубре кое се става со подготовката на почвата, овие трошоци изнесуваат околу 1000 евра по хектар

ЗАШТИТНА МРЕЖА
Мрежа за заштита од град чини околу 17 000 евра по хектар. Ако сопствениците ја инсталираат сами цената може да биде пониска, околу 12000 евра.
МЕХАНИЗАЦИЈА ОД ХЕМОМЕТАЛ
Нема конкуретно земјоделско производство без современа механизација. За таа цел имате можност да набавите земјоделска механизација од фирмата „Хемометал“ од Битола кои имаат одличен избор и можност на отплата на рати. За оваа намена ги предлагаат:
ТРАКТОР ХАТТАТ 240 S – овоштарски модел

ТРАКТОР ХАТТАТ 240 S – овоштарски модел
ЦЕНА – Со кров : 13.300 евра.
Овоштарски модел : 12.300 евра

Солис 75N овоштарски модел
Цената на Солис 75 N e 19.000 евра
Контакт на „ ХЕМОМЕТАЛ“: 070/237-290 ; 047/268-837
ПРЕДЛОГ ОД ЗЕМЈОДЕЛЦИ ЗА РЕНТАБИЛНО ПРОИЗВОДСТВО
Според искуството на овоштарите, кога е насадот подигнат во ноември или декември, пролетта може да се насади и втора култура – може да се насади бостан, пипер или диња. На крушите не им пречат бидејќи не растат високо, а секако се врши наводнување и се обработува почвата па трошоците се сведуваат на минимум.


Во продолжение односот на крушата кон ниски температури.

ИНВЕСТИЦИИ ВО СИСТЕМИ ЗА ЗАШТИТА ОД МРАЗ
„Климатските промени си го направија своето и затоа во наредниот период овоштарите повеќе треба да обрнат внимание на инсталирање на системи за заштита од мразеви, особено антифрост системите со микродождување, кои масовно се користат во развиените овоштарски земји. Може да се размислува и за набавка на опрема за најразлични начини на загревање на насадите во периодот на појавата на ризичните ниски температури. Секако овие мерки и инвестиции ги зголемуваат трошоците за одгледување на насадите, со тоа се зголемува производната цена, но се неопходни за прилагодување на климатските промени. Дел од инвестициите за заштита од мразевите се инкорпорирани и во програмите од ИПАРД кои може да ги користат нашите овоштари“ – препорачува професор Кипријановски.

За подигнување нов овошен насад може да се аплицира преку ИПАРД и да се добие 60% неповратни средства.

ВИСИНА НА СУБВЕНЦИИ ЗА ОДДРЖУВАЊЕ НА НАСАДОТ
Покрај можноста да добиете неповратни средства преку Ипард за подигнување на насадот, од програмата за директна поддршка на земјоделството имате годишно по 33 000 денари за 1 ха, субвенции наменети за одржување на насадот.
За да може да бидете корисници на субвенции и да аплицирате за ИПАРД мора да бидете евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства.
Тоа значи дека треба да отидете во подрачната единица на министерството за земјоделство, во местото на живеење евидентирано во личната карт, за да се запишете во ЕРЗС.
Барање за упис може да се поднесе секој работен во текот на годината. Образецот – барање како и листата на потребни документи се подигаат во подрачната единица на министерството каде и ќе ви помогнат околу целата постапка.
На овој начин, вие влегувате во систем како земјоделско стопанство и исполнувате еден од условите да станете корисник на субвенции и мерките од програмата за рурален развој.
Останува да ги следите и запазите роковите за пријавување за финансиска поддршка кои редовно ги соопштува Платежната агенција, а информации можете да добиете и во подрачните канцеларии на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

БЕРБА, ОЧЕКУВАН ПРИНОС, ЦЕНА И ЗАРАБОТКА
Постојат голем број сорти круши со различно време на зреење -од јуни до крај на септември. Подоцните сорти може да се чуваат во ладилници се до пролетните месеци-во обичен ладилник до март. Приносот зависи од голем број фактори, но во добро одгледуван насад и со примена на потребните агротехнички и заштитни мерки може да се калкулира со принос 20-25t/ha.
Производството на круша кај нас е во дефицит, поради што се пласира без никакви проблеми. Последните десетина години цената на големо никогаш не паднала испод 40 денари по килограм.

ОСИГУРУВАЊЕ – СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР
Земјоделското осигурување е важна мерка доколку сакате сериозно да се занимавате со некој агробизнис и да бидете сигурно во производството. Токму затоа и Владата на РСМ има мерка со која на земјдоелците им субвенционира 60% од осигурителната полиса со што значително се намалува трошокот за осигурувањето.
За подетални информации околу условите за земјоделското осигурување побарајте ги брокерите на СН Осигурителн брокер:
За земјоделско осигурување:
1. Илче Талевски 078 496 899
2.. Гоце Чавдаровски 076 249 602
3. Таше Наумовски 078 455 545
4. Александара Кулевска 078 237 529 емаил:[email protected]
АГРОМЕТЕОРОЛОШКА СТАНИЦА
Уште една важна информација за комплетирање на почетната инвестиција, а тоа е инсталирање на агрометеоролошка станица која ќе ви помогне во навремено пригнозирање на појавата на болести и штетници и на тој начин ќе ви заштеди време и пари.
За Метеобот исто така можете да аплицирате на јавниот повик за Мерка 1 од ИПАРД.

„МЕТЕОБОТ“ – неминовност за новото време, значителна заштеда на пари и средства за заштита
Климатските промени донесоа големи предизвици за земјоделците и агрономските пракси што се применуваат не можат повеќе едноставно само да се пресликуваат од година во година.
Потребно е да се надгледува производството на сите нивоа и да се реагира во реално време штом ќе се воочат потенцијалните ризици.
Во просек 35% од уништениот род се должи на задоцнета заштита.
Метеобот е aвтоматска агрометеоролошка станица е производ на висока технологија кој е направен за компјутерска дијагностика и употреба во интензивно, прецизно и дигитално земјоделие.
Функцијата на Meteobot е прибирање, обработка и приказ на метеоролошките параметри кои даваат навремена информација за почетокот, времетраењето и интензитетот на напад на одредени болести или штетници. Со тоа се овозможува прецизно одредување на рокот на третирање на заштитни средства и лесен избор на препарати за заштита.
Со користењето на Meteobot може да се постигне значителна заштеда на пари и средства за заштита.
Собраните метеоролошки податоци ќе ви помогнат за одредување на микроклиматските услови кои пак ќе ви олеснат избор на култура, сорта и технологија на одгледување.
Meteobot станицата е опремена со мобилна апликација и софтвер на модел за прогноза на болести. Прогностички модели за болести за различни култури ги прикажуваат и бележат временските услови за инфекција (примарна и секундарна) и дали таа инфекција ќе премине во болест.
Со мобилната апликацијата на корисникот му е овозможен пристап од било кој компјутер, таблет и мобилен телефон кој има пристап до интернет во сите измерени параметри од станицата како и временска прогноза за следните 10 дена.
Со правилна примена ќе успеете да направите значајни заштеди на средствата за заштита, човечкиот труд и работата на механизацијата.
БОЛЕСТИ Јаболка/Круша – Краставост, Пепелница на Јаболко, Бактериска Пламеница, Антракноза, Јаболков црв, Oвошна оса
Со помош на метеоролошката станица сигурно ќе намалите 2-3 третмани во текот на една сезона но имате можност и да бирате и поефтини сретства за заштита доколку нема потреба од прскање. Целта е една – да се користи заштита само кога треба, само со МЕТЕОБОТ станицата знаете кога ќе треба да се користи заштита и каков тип на заштита е потребно. Бидејќи на пазарот постојат и сретства за заштита кои истовремено штитат и од повеќе болести.

Предлог бизнисот за подигнување на насад со круша го работевме во соработка со Проф.др Марјан Кипријановски од Факултетот за земјоделски науки и храна.
АГРОТИМ