Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ: Известување за претпазливост
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > МЗШВ: Известување за претпазливост
Агровест

МЗШВ: Известување за претпазливост

Објавено 27/06/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува граѓаните на посебна претпазливост со цел спречување на појава на пожари на отворен простор.

Министерството ја потсетува пошироката јавност дека во периодот кој следи граѓаните да биде особено внимателни поради високите температури кои ќе го зголемат ризикот  од појава на пожари на отворен простор и од суштинско значење е јавноста  да ја разберат опасноста како и последиците од појавата на пожари на отворен простор и со своето однесување да придонесат кон  заштита и сочувување на шумите, односно животна средина, имотите и заедниците во целина. 

ВАЖНО

– Лица кои вршат активности на земјоделски површини, како и сточарите, да бидат особено внимателни при извршување на активностите  да не дојде до неконтролирано палење на земјоделско земјиште и пасиштата што е строго забрането со закон и претставува казниво дело.

– Сериозни ризици – пожарите на ниво на предел директно ги загрозуваат човечките животи, имотот и животната средина.

– Правни последици – предизвикување на пожар на отворен простор е казниво дело.

– Клучен елемент за спречувањето на пожари од поширок размер е Брзо откривање за што – јавноста/граѓаните во случај на забележување на појава на пожар може да алармираат на телефонскиот број 112.

СОВЕТИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ

– Избегнување на палење на било каков оган за време на периоди на силен ветер или суво време.

– Пронаоѓање на побезбедни методи за расчистување на земјиштето и отстранување на горливиот материјал.

МЗШВ ги охрабрува сите граѓани да останат информирани и да преземат превентивни мерки за да се избегне појава на пожари на отворен простор

Во периодот кој ќе следи, поради високите температури и создавање на поволни услови за појава на пожар,  Министерството  ја потсетува јавноста дека од 01.07.2026 година ќе биде на  сила  целосна забрана за движење во шумите.

За таа цел се повикува јавноста да ја следи и да се приклучи на Програмата за управување со пожарите на ниво на предел (lfmwb.net) во која Министерството е партнер институција и активно работи на имплементација на активности и мерки дефинирани во програмата со фокус на превенција и подготвеност во управувањето со пожарите на ниво на предел.

Работејќи заедно, можеме да го намалиме ризикот и да ја обезбедиме безбедноста на нашите домови, имоти, шумите и животната средина.

МЗШВ

Може да ви се допадне

Петто издание на винскиот фестивал во Охрид
Поради ремонт на пругата Скопје-Зелениково за „Градскиот воз“, од утре времено без возови од Скопје за Велес, Гевгелија и Битола
МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Претходен напис Следува нов топлотен бран, температури до 39 степени, од среда можно освежување
Следен напис ЦУК: Активни два пожара кај Трубарево и Опаје, еден изгаснат во Велес
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?