Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Предлог бизнис: Насад со кајсија на 1ха, сите информации од почетна инвестиција, субвенции, механизација, осигурување, до заработка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агросектор > Предлог бизнис: Насад со кајсија на 1ха, сите информации од почетна инвестиција, субвенции, механизација, осигурување, до заработка
АгросекторДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВОМеханизација

Предлог бизнис: Насад со кајсија на 1ха, сите информации од почетна инвестиција, субвенции, механизација, осигурување, до заработка

Објавено 26/04/2020
Сподели
13 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Подигнување на нов насад со кајсии е добра идеја која може да ви обезбеди дополнителен приход или егзистенција.

Искуствата на земјоделските производители кои се занимаваат со овоштарство зборуваат дека најмал проблем со пласманот имаат токму со кајсијата која е најчесто се извезува и држи добра цена

ИЗБОР НА ЛОКАЦИЈА

Максимално треба да се избегнуваат ниски локации, површини покрај реки, затворени положби бидејќи на вакви локации насадите речиси редовно страдаат од доцни пролетни мразеви. За насади се најдобри издигнати положби, но задолжително обезбедени со вода за наводнување.

Пред подигање површината треба да се риголова на длабочина 60-70 cм. Цената на оваа агротехничка мерка, доколку немате сопствена механизација изнесува 400 -500 евра.

Кајсија се сади на растојание 4.5-5 х 3.5-4 метри, или од 500 – 650 садници по хектар. Саден материјал може да се набави од неколку расадници и тоа Овоштар-Аргулица, во Штип, Опитно поле Скопје, Агрокалем, Тимјаник Неготино… по цена околу 2 евра

За нашето поднебје предвидено е засадување и на нова сорта на кајсија „ФАРБАЛИ“ која е отпорна на болести, барана на европскиот пазар и како најважен момент е сорта со доцно цветање со што се избегнуваат доцните пролетни мразеви. За еден хектар потребни се 500 садници , цената по која можат да се набават кај нас е 200 денари за садник.

Кајсија – сорта ФАРБАЛИ

Најдобро е сите насади да се подигаат наесен, веднаш по вадењето на садниците, што во наши услови значи при крајот на ноември и во текот на декември.

 При раното есенско садење најдобро е садниците да се посадат до крајот на ноември и првата половина на декември, односно пред појавата на силните зимски мразеви.

Во овој период вообичаено влажноста и структурата на почвата е најпогодна за садење на садниците. Ако нема доволно влага во почвата, садењето не треба да се одложува, туку задолжително треба да се изврши полевање на садниците при садењето или веднаш потоа.

Есенското садење на садниците особено треба да се применува за коскестите овошни видови: праска, кајсија, слива, бадем, цреша, вишна, чиј коренов систем е многу осетлив на подолги манипулации, трапење, претрапување, транспорт и сл. За овие видови најдобро е преземањето на садниот материјал од расадниците да се врши во моментот на вадењето, со што се презема свеж материјал кој веднаш оди на садење или трапење близу до новиот насад.

СИСТЕМ ЗА НАВОДНУВАЊЕ

Доколку до површината има довод на вода инсталирањето на систем за наводнување капка по капка чини околу 1000 евра по хектар. Доколку треба да се копа бунар за вода трошоците се зголемуваат за ценат на ископот на бунарот. Цената за копање на бунар изнесува 30-50 евра по метар длабочина.

Друга инвестиција е мелиоративно ѓубрење, арско ѓубре, минерално ѓубре кое се става со подготовката на почвата, овие трошоци изнесуваат околу 1000 евра по хектар

МРЕЖИ ЗА ЗАШТИТА ОД ГРАД

Мрежа за заштита од град чини околу 15 000 евра по хектар. Ако сопствениците ја инсталираат сами цената може да биде пониска, околу 12000 евра.

ИНВЕСТИЦИИ ВО СИСТЕМИ ЗА ЗАШТИТА ОД МРАЗ

„Климатските промени си го направија своето и затоа во наредниот период овоштарите повеќе треба да обрнат внимание на инсталирање на системи за заштита од мразеви, особено антифрост системите со микродождување, кои масовно се користат во развиените овоштарски земји. Може да се размислува и за набавка на опрема за најразлични начини на загревање на насадите во периодот на појавата на ризичните ниски температури. Секако овие мерки и инвестиции ги зголемуваат трошоците за одгледување на насадите, со тоа се зголемува производната цена, но се неопходни за прилагодување на климатските промени. Дел од инвестициите за заштита од мразевите се инкорпорирани и во програмите од ИПАРД кои може да ги користат нашите овоштари“ – препорачува професор Кипријановски.

ЗЕМЈОДЕЛСКА МЕХАНИЗАЦИЈА – „ХЕМОМЕТАЛ“ – БИТОЛА

Нема конкуретно земјоделско производство без современа механизација. За таа цел имате можност да набавите земјоделска механизација од фирмата „Хемометал“ од Битола кои имаат одличен избор и можност на отплата на рати. За оваа намена ги предлагаат:

ТРАКТОР ХАТТАТ 240 S – овоштарски модел

ТРАКТОР ХАТТАТ 240 S – овоштарски модел
ЦЕНА – Со кров : 13.300 евра.
Овоштарски модел : 12.300 евра

Солис 75N овоштарски модел

Цената на Солис 75 N e 19.000 евра

Контакт на „ ХЕМОМЕТАЛ“: 070/237-290 ; 047/268-837

СУБВЕНЦИИ

За насади од кајсија субвенции за одржување се 39. 600 денари по хектар, а за да бидете корисник треба да сте евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС).

Доколку почнувате да се занимавате со земјоделско производство, за да може да станете корисник на финансиска поддршка за субвенции и мерките од рурален развој, прво што треба да направите е да се запишете во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС).

Тоа значи дека треба да отидете во подрачната единица на министерството за земјоделство, во местото на живеење евидентирано во личната карт, за да се запишете во ЕРЗС.

Барање за упис може да се поднесе секој работен во текот на годината. Образецот – барање како и листата на потребни документи се подигаат во подрачната единица на министерството каде и ќе ви помогнат околу целата постапка.

На овој начин, вие влегувате во систем како земјоделско стопанство и исполнувате еден од условите да станете корисник на субвенции и мерките од програмата за рурален развој.

Останува да ги следите и запазите роковите за пријавување за финансиска поддршка кои редовно ги соопштува Платежната агенција, а информации можете да добиете и во подрачните канцеларии на министерството за земјоделство, шумарство и водостостопанство.

ОСИГУРУВАЊЕ – СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР

Земјоделското осигурување е важна мерка доколку сакате сериозно да се занимавате со некој агробизнис и да бидете сигурни во производството. Токму затоа и Владата на РСМ има мерка со која на земјоделците им субвенционира 60% од осигурителната полиса со што значително се намалува трошокот за осигурувањето.

За подетални информации околу условите за земјоделското осигурување побарајте ги брокерите на СН Осигурителн брокер:

За земјоделско осигурување:

1. Илче Талевски  078 496 899

2.. Гоце Чавдаровски   076 249 602

3. Таше Наумовски   078 455 545

4. Александара Кулевска 078 237 529 емаил:[email protected]

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=qZptOSOXk3g&feature=emb_logo

БЕРБА, ПРИНОС И ЗАРАБОТКА

За насади од кајсија може да се калкулира со принос околу 25 тони по хектар. Цената доста варира, но може да се смета на просечна цена околу 30 денари по килограм. Доколку има поволни услови, без мразеви и добар пласман на плодовите инвестициите може да се вратат во во 5-6 година.

Кајсијата започнува со плодоносење многу рано, уште во втора година, а во полно плодоносење доаѓа во 4 година. Нема некои големи трошоци за производство, лесна е заштитата, нема некои посебни проблеми околу болести и штетници. Најголем проблем е монилијата, која се сузбива многу лесно.

МЕТЕОБОТ: Заштита на коскестото овошје од појава на Монилија

На територијата на Македонија, коскестите овошни видови се наоѓаат во различни фази на цветањето, во зависност од видот, асортиманот, локацијата и експозицијата на теренот.

Регистрирани се фази од формираните цветни пупки до прецветување. За време на периодот на цветање на коскестото овошје и во услови на влажност , може да се појави инфекција на цветот со габа која што предизвикува сушење на цветовите и гранките (Monilinia laxa).

Ако веќе се појави инфекција, невозможно е да се спречи развојот на симптоми со употреба на фунгициди, и затоа е потребно е да се превземат превентивни мерки.  

Проблемот е што во 99% неможе точно да се одреди периодот кога настанала инфекцијата.

Со помош на агрометеоролошката станица Meteobot® и софтверот за прогноза на болести, земјоделците знаат точно кога ќе се појави инфекцијата, со каков интензитет ќе биде и колку ќе трае.

Како пример ќе користиме реална ситуација со агрометеоролошка станица која што е поставена во Валандово.

Во софтверот, односно во моделот за прогноза на болести имате подесување каде што секој корисник внесува датум за : појава на првите лисја, почеток на цветање, зреење на овошјето, како и времетрањето од почеток на цветање до зреење на овошјето.

На сликата бројките и датумите се произволно земени за да покажат како приказ.

За почеток на цветањето го имаме земено датумот 02.04.2020 година, тоа е фаза каде што коскестото овошје е осетливо на можноста за појава на монилија.

Периодот од 02.04 до 09.04 е периодот кога можат да се појават габичните инфекции и да предизвикаат заболување.

Графикот на моделот за прогноза на монилија е составен од 3 дела, од кои 2-та се најважни.

На првиот дел се прикажуваат кога климатските услови се исполнети за можна појава на монилија.

На вториот дел е прикажана осетливата фаза за можна појава на монилија, која што започнува со почетокот на цветањето, и појавата кога имаме инфекција.

За да се имаме појава на монилија потребни се 2 услови истовремено да се поклопат и тоа климатските услови за појава на инфекција и периодот на цветање.

На графикот гледаме дека во периодот од 25.03 до 31.03 биле исполнети климатските услови за појава на монилија, но растението не било во фаза на цветање и тогаш нема остварено инфекција.

На 02.04 започнува цветањето, а веќе на 03.04 повторно се исполнуваат климатските услови за појава на инфекција а со тоа имаме и појава на силна инфекција која што ќе услови и појава на монилија.

Најважно е што сите корисници, 10 дена однапред знаат кога би биле исполните климатските услови за појава на инфекција како и времето, интензитетот и времетраењето на инфекцијата за појава на монилија.

Ако на тоа се додаде дека имате и сервис за 10 дневна временска прогноза, вие имате доволно време да си ги организирате сите агротехнички активности за заштита од монилија. 

Секогаш ќе бидете пред болеста, бидејќи голем недостаток на пазарот се и срества за заштита кои што имаат лекувачко дејство.

Во просек 35% од уништениот род се должи на задоцнета заштита.

​Нашата цел е да се користи заштита само кога треба.

​
АПЛИЦИРАЈTE ПРЕКУ ИПАРД МЕРКА 1

Meteobot® aгрометеоролошка станица со комплетна документација

Предлог бизнисот за подигнување на насад со круша го работевме во соработка со Проф.др Марјан Кипријановски од Факултетот за земјоделски науки и храна.

АГРОТИМ

Може да ви се допадне

Наводнување на овошките според фазите на развој
Србија: Се очекува 1.5 милиони тони овошје – кајсиите и црешите никогаш не биле подобри
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
(ВИДЕО) Трипуновски: Средствата од ИПАРД програмата повторно се достапни!
Започна проектот „Подобрување на самоорганизацијата на земјоделците во создавањето и управувањето со мали системи за наводнување“
Таг:subvenciiИпардкајсиинаводнувањепредлог бизниспроизводствородсадење
Претходен напис Цената за еден час берење јагоди никогаш не била повисока – во полињата работат туристичките работници
Следен напис Наскоро стариот пат кон манастирот Св.Јоаким Осоговски во Кр.Паланка со целосно нов асфалтен слој
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?