Поради големиот интерес на земјоделците од Пелагонија за вклучување во проектот Договорно производство на афион, Агротим организира средба на земјоделците со директорот на „Афиониа“-Скопје, Милун Свичевиќ.
Средбата со земјоделците ќе се одржи во четврток (10.10.2024) во 19 часот во село Егри, Општина Битола.
На средбата земјоделците ќе имаат можност да добијат одговор на сите прашања и дилеми околу условите да се вклучат во ова производството и доколку се одлучат ќе можат да склучат договор со откупувачот.
Договорно производство на афион е во организација на Агротим и фирмата – откупувач „Афиониа“ од Скопје како дел од компанијата Oilseed s.r.o со седиште во Прага која 30 години се занимава со организација на производство, преработка и пласман на афион.
Во ова договорно производство се работи за производство и откуп на син мак за прехрамбената индустрија.
Заради рентабилност на производството услов е земјоделските површини да се поголеми од 10 ха.
Телефон за контакт 070 541 282