Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Од денес до четврток АХВ ќе спроведе симулациска вежба за болеста шап и лигавка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Од денес до четврток АХВ ќе спроведе симулациска вежба за болеста шап и лигавка
Агровести

Од денес до четврток АХВ ќе спроведе симулациска вежба за болеста шап и лигавка

Објавено 10/11/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во соработка со Бугарската агенција за безбедност на храната (БАБХ) и Европската комисија за контрола на шап и лигавка (EuFMD), од денес до четврток (10–12 ноември 2026 година), спроведува заедничка симулациска вежба за болеста шап и лигавка. Целта на вежбата е проверка и унапредување на подготвеноста на надлежните ветеринарни служби на двете земји за навремено откривање, пријавување и ефикасно справување со евентуална појава на оваа заразна болест кај животните, како и зајакнување на прекуграничната соработка, координацијата и размената на информации. Тридневната вежба се реализира преку комбинирани активности кои опфаќаат видеоконференциски, кабинетски и практичен теренски дел.

Денес, во Скопје и Софија, преку видеоконференциска врска и кабинетски вежби, учесниците работат на симулирани сценарија за појава на болеста, со акцент на постапувањето на надлежните институции, размената на информации и координација на мерките за нејзино спречување и контрола. Утре, во регионот на Струмица ќе се одржи практичниот, теренски дел од вежбата каде во симулирани услови, учесниците ќе спроведат активности за правилна употреба на лична заштитна опрема, спроведување на клинички преглед на животните и проценка на староста на карактеристичните лезии, земање и пакување примероци за лабораториско испитување, како и епидемиолошко истражување. Ќе се провери и примената на биосигурносните мерки при постапување на терен.

Во четврток ќе се одржи завршна сесија на која ќе бидат презентирани прелиминарните резултати и согледувањата од претходно спроведените активности. Преку заедничка анализа и дискусија ќе се оценат подготвеноста, координацијата и оперативните капацитети на ветеринарните служби, а ќе бидат разгледани и можностите за понатамошно унапредување на постапките за справување со болеста.

Шап и лигавка е исклучително заразна вирусна болест која ги зафаќа домашните и дивите чапункари, особено говедата, овците, козите и свињите. Болеста може да предизвика сериозни економски загуби во сточарството и ограничувања во трговијата со животни и производи од животинско потекло. Со организирањето на вакви симулациски вежби се зајакнуваат капацитетите за брза и координирана реакција при евентуална појава на заразни болести кај животните, што е од особено значење за заштитата на здравјето на животните, домашното сточарско производство и регионалната ветеринарна безбедност.

- Реклама -
Ad image

Активностите кои ќе се спроведуваат од денес до четврток се исклучиво во рамки на симулациска вежба, односно не станува збор за вистинска појава на болеста шап и лигавка. Поради овие причини ги известуваме граѓаните и сточарите дека нема причина за загриженост поради спроведувањето на вежбата.

АХВ

Може да ви се допадне

Царината добива електронски пристап до казнената и кривичната евиденција, потпишан договор со Врховниот суд
Од 15 ноември задолжително поседување на зимска опрема
Дурмиши: Заштитата на работниците и подобрувањето на условите за стопанствениците меѓу приоритетите на Министерството за економија и труд
Финансиската штета од пожарите на ниво на предел
Без струја денеска делови од Гази Баба, Чаир и Петровец
Таг:симулациска вежбачетвртокшап и лигавка
Претходен напис Исплатени се 5716 пчелари во износ од 156.676.536 денари
Следен напис Од 15 ноември задолжително поседување на зимска опрема
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?