Поради големиот интерес на земјоделците за вклучување во проектот Договорно производство на афион, Агротим организира средба на земјоделците со директорот на „Афиониа“-Скопје, Милун Свичевиќ.
Средбата со земјоделците ќе се одржи во Петок (11.10.2024) во 17 часот во Општинската зграда на Општина Карбинци.
На средбата земјоделците ќе имаат можност да добијат одговор на сите прашања и дилеми околу условите да се вклучат во ова производството и доколку се одлучат ќе можат да склучат договор со откупувачот.
Договорно производство на афион е во организација на Агротим и фирмата – откупувач „Афиониа“ од Скопје како дел од компанијата Oilseed s.r.o со седиште во Прага која 30 години се занимава со организација на производство, преработка и пласман на афион.
Во ова договорно производство се работи за производство и откуп на син мак за прехрамбената индустрија.
Заради рентабилност на производството услов е земјоделските површини да се поголеми од 10 ха.
Телефон за контакт 071 225 345