Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Боровинки на 2.500 хектари во Србија – потребни се големи инвестиции и знаење
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Боровинки на 2.500 хектари во Србија – потребни се големи инвестиции и знаење
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Боровинки на 2.500 хектари во Србија – потребни се големи инвестиции и знаење

Објавено 03/03/2020
Сподели
8 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Србија за кратко време стана лидер во овој дел од Европа во производство на боровинка.„ Ги освоивме пазарите на Франција, Шпанија, Германија, Англија,  Русија и Јапонија. За жал, многу малку боровинки одат на локалните пазари“, проценува Александар Лепосавиќ.

До 2005 година, во Србија имаше само три до четири хектари засадени со боровинка. Пет години подоцна, производството порасна на околу 200 хектари под оваа  култура, а денес боровинките се произведуваат на повеќе од 2.500 хектари. Нешто од тоа е засадено во земја, а нешто во контејнери или саксии.

 „Првиот успешен проект беше направен во општина Ариље и подразбираше, плантажно одгледување на боровинки од страна на малите и средни претпријатија. Десет хектари боровинки беа засадени на подрачјето на општина Ариље. Првичните резултати беа многу добри. Во наредните години успеавме да надминеме некои од важните производители на боровинки во Европа и во светот. Дополнителен стимул е тоа што боровинките во Србија се берат во време кога на светскиот пазар нема доволно боровинки “, вели Александар Лепосавиќ,  експерт  за овие сорти на овошје.

Некаде се произведуваат дури и 29 тони боровинки од хектар

 Зголемувањето на површините под боровинки го подигна и  нивото на производство на повисок степен, а приносите на индивидуалните производители во Србија го надминуваат светскиот просек. „Имаме исклучителни произведители кои произведуваат и до 29 тони од хектар, што е секако на нивот на светски рекорд. Сепак, приносите се разликуваат и се движат од еден, два, три, пет, 12 тони по хектар, па се до оние со над 25 тони по хектар “.

 Квалитетот на боровинките е над просекот

Каков ќе биде родот зависи од многу фактори, и тоа  пред сè, од бројот на засадени растенија, но и од самиот систем на одгледување. Покрај добрите приноси, Србија може да се пофали и со исклучителен квалитет на оваа култура, забележува нашиот соговорник. „Во суштина, во повеќето случаи кај нас, квалитетот на боровинките е над просекот, не само во однос на визуелните параметри како што се големината, висината, ширината и тежината, туку и во сите други погледи“, рече Лепосавиќ.

Одгледувачите на боровинки  се повеќе соработуваат со експерти

Сепак, боровинките се многу скапа инвестиција така што првичните инвестиции надминуваат 60.000 евра, вели нашиот соговорник, истакнувајќи дека боровинките се култура за производители со многу високо ниво на знаење. Овие производители мора да бидат во чекор со актуелните трендови на производството, да бидат информирани и да соработуваат со експерти.

 „Во процесот на производство на боровинки како и некои други овошни култури, технологијата и процесот на производство се препуштени на трговците и на производителите на разни минерални хранливи материи и пестициди, така што мислам дека професионалноста  мора да биде многу повеќе застапена во овој тип на производство. Сепак, одгледувачите на боровинки се повеќе се свртени кон соработката со експертите во однос на производителите на други видови на овошје и тоа е она што ги издвојува “.

Минатата година цената варирала

 Една од причините зошто овоштарите во Србија бираат да одгледуваат боровинки е тоа што тие можат да остварат многу добри приходи и покрај големите инвестиции. Цената беше доста стимулативна за производителите во претходните години. Сепак, како што наведува нашиот соговорник, минатата година варираше многу. “Во еден момент имаше проблем со пласманот на боровинки. За среќа, боровинките можат да се чуваат подолго, така што производителите не се изложени на овие тековни проблеми. Минатата година имаше голем застој во пласманот, и во тој момент некои се откажаа од оваа култура, а одгледувачите треба  и ова да го имаат во предвид. Доколку сакаат да одгледуваат боровинки“, рече соговорникот  “.

 Да не се претерува со минералните ѓубрива.

 Постојат многу фактори кои одгледувачите на боровинки треба да ги имаат во предвид за да можат боровинките да дадат соодветен принос со соодветен квалитет и да го направат нивното производство економски одржливо.

  „Има многу неуспеси, не само во Србија, туку и во светот кога одгледувачите, со цел да се зголеми приносот на боровинките употребуваат премногу минерални ѓубрива и не обезбедуваат  доволно количество  на квалитетна вода, така што имавме доста производители кои имаа загуби“

Да не се користи арско ѓубриво

„Оние кои  ќе решат  да одгледуваат боровинки во контејнери, треба да знаат дека контејнерите од  40 и 50 литри не се со доволно голем волумен за да и овозможат на боровинката да го достигне својот максимум“, забележува нашиот соговорни. “За боровинките  од суштинско значење е тоа да  почвата  биде кисела и важно е да се обезбеди доволно вода. Основна  работа,  при одгледувањето на боровинките без разлика дали тоа се прави  на почва ,  во контејнери или саксии, е тоа што одгледувачите мора да знаат дека почвата мора да се подготви па дури потоа да се сади. Мора да се обезбеди доволно  квалитетна вода. Мора да се грижат за изборот на ѓубриво и моја препорака е да не  користат арско ѓубриво ”, истакнува Лепосавиќ.

 Обратете посебно внимание  при одгледувањето  на боровинки во саксии

 Како и  сите другите гранки на земјоделството така и боровинките ги почувствуваа негативните ефекти од климатските промени. Кога станува збор за природни непогоди голем проблем  е градот. Сепак, многу одгледувачи обезбедуваат противградни мрежи за да обезбедат посигурно производство.

  „Што се однесува до боровинките, тие се растенија  што бараат поладно време и сето она што се случува со појава на сув и топол воздух доста влијае врз нив. Покрај тоа, одгледувачите на боровинки во контејнери треба да имаат предвид дека  кореновиот  систем  на растението има оптимален раст и развој и дека вака одгледуваните боровинки  се повеќе изложени на  климатските промени “.

Дека српската боровинка ветува и  дека има потенцијал за уште подобро позиционирање на светскиот пазар,  е сигурно. Сепак, локалните одгледувачи на боровинки мора паметно да ја искористат оваа можност со правилно производство, вклучувајќи експерти и примена на соодветни агротехнички мерки и современи технологии.

Извор:Агроклуб

Може да ви се допадне

КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Насади со ФСТАЦИ – перспектива за македонското овоштарство: Услови, набавка на садници, садење, резидба…
(ВИДЕО)Одгледувањето на ова растение носи астрономски профит! Ретко кој го одгледува, а има одлична основа за добра берба
Килограм чини неколку илјади евра, а Европа е луда по ова растение
Млад брачен пар започнал здрав бизнис: Тие прават домашен оцет од диви јаболка, сремуш и глуварче без никакви додатоци
Таг:боровинкиборовинки во СрбијаОдгледување на боровинки
Претходен напис Општина Чашка за првпат добива асфалтирани улици со финансиска поддршка од Програмата за рурален развој
Следен напис Откупот на тутунот од реколтата 2019-та заврши во рамки на законскиот рок и со постигната највисока просечна откупна цена во последните 4 години.
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?