Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Благотворноста на свежото сирење
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Благотворноста на свежото сирење
Магазин

Благотворноста на свежото сирење

Објавено 19/09/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Прекумерното јадење сирење може да доведе до покачен холестерол и висок крвен притисок, што на крајот ја зголемува опасноста од кардиоваскуларни болести. Но сепак, како што истакнуваат диететичарите и лекарите, сирењето содржи и калциум, протеини, витамини и други есенцијални хранливи материи, што значи дека кога се бира квалитетно сирење со малку маснотии и се јаде умерено, придобивките честопати ги надминуваат ризиците.

Ова е особено точно кога станува збор за свежо сирење, коешто е нискокалорична, со малку јаглехидрати и заситени масти, но е богата со протеини. Стручњаците издвојуваат најмалку седум благотворни својства на свежото сирење, како што пишува „Бест лајф“ (Best Life).

1. Помага да се изгради мускулна маса. Свежото сирење е одличен извор на протеини, па просечниот возрасен има потреба од околу 0,8 – 1,0 грам протеини по килограм телесна тежина дневно. Општо земено, протеините честопати недостасуваат во појадокот и тука навистина доаѓа до израз свежото сирење.

2. Ја подобрува регулацијата на шеќерот во крвта. А, каде што има ниска содржина на јаглени хидрати и е богато со протеини, свежото сирење може да се комбинира со храна богата со јаглени хидрати (на пр. овошје), за да се забави варењето и да се спречи растот на шеќерот во крвта.

3. Добро е за здравјето на цревата. Свежото сирење внесува здрави пробиотици во вашиот дигестивен тракт.

4. Го поддржува здравиот развој на коските и забите. На коските во човековото тело им требаат соодветни количини протеини, калциум, фосфор и витамин Д за да останат здрави. Свежото сирење збогатено со витамин Д обично ги содржи сите четири клучни хранливи материи.

5. Богата е со аминокиселини, битни за повеќе важни функции во телото. Тука спаѓаат разградување на храната, растење и обнова на ткивата, зајакнување на имунолошкиот систем, здраво варење, лачење хормони и хемикалии за мозокот и многу повеќеод тоа.

6. Свежото сирење помага при контрола на количината јадење што се внесува, зашто е богата со протеини, влакна и масти.

7. Здрава замена за високомасните сирења. Свежото сирење може да се користи како замена за сирењата со повеќе маснотии (како што е рикотата), на пр. во лазањи. Ова може да биде корисно за луѓето кои сакаат да го зачуваат вкусот во храната додека ја контролираат тежината на корисен начин. 

МИА

Може да ви се допадне

Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Кох од гриз
Таг:Благотворностасвежото сирење
Претходен напис Картички за „зелена нафта“ досега подигнале околу 40 отсто од земјоделците во Кочанско
Следен напис АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?