Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело
Агровести

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Објавено 19/09/2024
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од македонскиот пазар се повлекуват производите  на „Атлантик Штарк“: Кексичи како перелив 220 гр. серија 1507482842 и Најлепше жеље кукис 145 гр. ноисет, серија 1507483391, двата со рок на траење  до 11.05.2025 година, поради можност за присуство на надворешно тело, потврдија за МИА од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Од АХВ апелираат до потрошувачите доколку ги купиле посочените производи да не ги консумираат или да ги вратат на продажното место од каде ги купиле.

– Агенцијата за храна и ветеринарство, вчера, од компанијата „Атлантик траде“ Скопје Доо Илинден доби известување дека поради  можност за присуство на  надворешно тело, од пазарот ги повлекува производите: 280766 Кексичи како перелив 220 гр. серија 1507482842 со рок  на траење 11.05.2025 и 281061 Најлепше жеље кукис 145 гр. ноисет, серија 1507483391 со рок на траење 11.05.2025. Производител на производите кои се повлекуваат според известувањето е Атлантик Штарк доо Белград, Република Србија. АХВ како одговорна институција за безбеднста на храната согласно законските надлежности, ја следи состојбата со повлекувањето на производите. До потрошувачите како и компанијата увозник, упатуваме апел доколку ги купиле посочените производи со сериските броеви и рокови  на употреба истите да не ги консумираат или да ги вратат на продажното место од каде ги купиле, изјавија од АХВ.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, „Атлантик Штарк“ (Atlantic Štark d.o.o) објави дека од српскиот пазар и од БиХ повлекува производи поради можност за присуство на туѓо тело. Дистрибутерот на Atlantic Štark d.o.o, Atlantic Brands d.o.o, соопшти дека од пазарот се повлекуваат производите: Бисквити какао кокос, 220 гр, серија 1207483491, со рок на употреба 08.05.2025 година, Бисквити какао кокос, 220 гр, серија, 1207483492, со рок на употреба 08.05.2025 година, Бисквити со прелив од какао 220гр, серија 1507482841, рок на употреба 11.05.2025 година, Бисквити со прелив од какао 220гр, серија 1507482842, рок на употреба 11.05.2025 година.

– При одлучувањето за отповикување, се водиме од високи стандарди за квалитет, како одговорна компанија која пред се се грижи за заштита на потрошувачите, со цел одржување на високо ниво на доверба во безбедноста и квалитетот на нашите производи. Ги повикуваме потрошувачите кои ги купиле наведените производи да ги вратат на продажното место каде што ќе им бидат вратени парите или ќе договорат замена на производот, се наведува во соопштението.

Вакво соопштение за повлекување на производот има и за во Босна и Херцеговина.

-Ги информираме клиентите и потрошувачите дека за производите Cookies какао кокос, 220 g, серија 1207483491 (рок на употреба до 8.5.2025) и Cookies какао прелив 220 g, серија 1507482842 (рок на употреба до 11.5.2025 a), превентивно го повлекуваме производот поради можно присуство на туѓо тело.

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:Атлантик ШтаркахвБисквитинадворешно телоприсуство
Претходен напис Благотворноста на свежото сирење
Следен напис (ВИДЕО)Во Долни Дисан жална слика: Исушени лозја и систем за наводнување поставен пред 20 години низ кој никогаш не протекла вода
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?