Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Бачовски: Со 17 милиони денари добиени од ИПАРД 2, „Фор Лејди“ е сега компанија со зголемен број на вработени и многу побогат асортиман на производи


Директорот на Платежната агенција, Никица Бачовски, заедно со премиерот Димитар Ковачевски и министерот Љупчо Николовски ја посетија компанијата „Фор Лејди“ во Илинден, која преку мерката 7 – диверзификација на фарми и развој на мали бизниси од ИПАРД 2 програмата, по успешната евалуација на проектот и склучувањето на договорот со АФПЗРР, добила поддршка од 17 милиони денари, што преставува 65% од вкупната вредност на инвестицијата.

„Една од целите на ИПАРД програмата е и поттикнување на нови и задржување на постојните работни места преку зголемување на нивото на економската активност во руралните средини.
Оваа цел најдобро се достигнува преку финансиска поддршка за развивање на микро и мали претпријатија кои се базираат на локални ресурси и во себе содржат елементи на претприемништво.


Со таква мисија е и компанијата ДПТ „Фор Лејди“ од Илинден. Оваа семејна компанија ја искористила можноста да аплицира на јавен повик за мерката 7 – диверзификација на фарми и развој на мали бизниси од ИПАРД 2 програмата.


По успешната евалуација на проектот и склучувањето на договорот со АФПЗРР, компанијата набавила најсовремена опрема како машини за плетење, машини за шиење и машини за автоматско диплење и пакување со рачно полнење.


За својата реализирана инвестиција, „Фор Лејди“ преку ИПАРД програмата добива поддршка од 17 милиони денари што преставува 65% од вкупната вредност на инвестицијата.
По ваквото осовременување „Фор Лејди“ е сега компанија со зголемен број на вработени и многу побогат асортиман на производи кои главно се пласираат на домашниот пазар, но поради својата специфичност, квалитет и иновативност има голем потенцијал да ги освои и регионалните и европски пазари.


Им посакувам многу успех во работата, со очекување дека преку нови проекти ќе продолжат да бидат активни корисници на ИПАРД 3 програмата.“, изјави Бачовски.

Сo новата ИПАРД 3 програма (2021-2027) инвестирајте во растително и сточарско производство, 60% од инвестицијата е грант
Јан 24, 2023agrotim3
ЕУ легализира штурци и ларви за јадењеЌе се рехабилитира локален пат за пристап до земјоделско земјиште до туристичката наслеба Абланица

Напишете коментар Откажи одговор

24/01/2023 Предлог бизнисБачовски, ИПАРД 2, ипард 3, мерка 7, Фор лејди223

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019