ИПАРД 3 Програмата 2021-2027 е програма која овозможува пристап до фондовите на
Европската Унија наменети за финансиска помош на земјоделството и руралниот развој.
Од искористувањето на фондот од ИПАРД 3 Програмата 2021-2027 за Република Северна
Македонија се очекуваат многубројни придобивки како на пример:
– подобрување на стандардот на земјоделците,
– подобрување на пазарната конкурентност и ефикасност,
-зголемување на вработеноста во руралните средини,
-подобрување на ветеринарните стандарди и унапредување и заштита на животната средина.
Исто како и во ИПАРД I и ИПАРД II програмите, Мерката 1 ИНВЕСТИЦИИ ВО МАТЕРИЈАЛНИ СРЕДСТВА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ СТОПАНСТВА ќе биде застапена и во новата ИПАРД III програма( 2021-2027), чија имплементација се очекува да започне веќе во текот на 2022 година.
Прифатливи сектори за поддршка со оваа мерка се:
• Сектор за растително производство
• Сектор сточарство
• Преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство на
земјоделското стопанство
• Производство на енергија од обновливи извори за сопствена потрошувачка, преку
обработка на растителни и животински производи од примарна и секундарна биомаса (освен
биомаса од рибни производи) за производство на биогас и/или биогорива, користење на
сончева енергија, ветерници, геотермална енергија итн.
Секторот сточарство опфаќа одгледување и изградба на фарми за
-Говеда (за млеко и гоење),
-свињи (за репродукција и гоење),
– овци и кози (за млеко и гоење),
– живина (одгледувани за производство на месо – бројлери, кокошки несилки);
Исто така во приоритетниот сектор Преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство на земјоделското стопанство, а во делот поврзан со сточарството спаѓаат и активностите поврзани со подготовка, директна продажба и други маркетинг активности на земјоделското стопанство, вклучително и за преработени производи на земјоделското стопанство како на пр.
-млеко и млечни производи,
– месо и месни производи;
Кој може да биде корисник :
I. Земјоделско стопанство регистрирано во Единствениот регистар на земјоделски
стопанства при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (во
понатамошниот текст: ЕРЗС) како семејно земјоделско стопанство претставувано од
физичко лице или од индивидуален земјоделски производител или како земјоделско
стопанство претставувано од правно лице.
I.1 Семејното земјоделско стопанство е преставувано од физичко лице кое е член на
земјоделското домаќинство.
I.2 Индивидуален земјоделски производител
I.3 Земјоделско стопанство преставувано од правно лице
II. Задруга
Прифатливи инвестиции се :
• Изградба или реконструкција на објекти и друг недвижен имот на земјоделското стопанство
(како што се објекти за одгледување на добиток, складирање на храна, итн) ;
• Набавка и/или инсталирање на нови машини/опрема за подобрување на стандардите на
благосостојбата на животните (постојан пристап до свежа вода, исхрана, сместување и
размножување, чистење на арското ѓубре, одмор на отворен простор итн.);
• Набавка и/или инсталирање на нови машини/опрема за заштита на животната средина
(енергетска ефикасност, контролирани климатски услови, справување и складирање на арско
ѓубре, отпад и третман на нус-производи, третман на вода, итн.), вклучувајќи и ублажување на
последиците од климатските промени (заштитни покривки, сенки и сл), вклучувајќи и
обезбедување на електрична енергија и/или греење со користење на обновливи ресурси за да
се задоволат потребите на земјоделското стопанство за сопствените активности на
земјоделското производство;
• Набавка на специјализирани транспортни приколки и возила, како што се земјоделски
приколки, резервоари за млеко, транспортни разладни резервоари за превоз на
производството, транспорт на живи животни и живина, специјализирана опрема за транспорт
на арско ѓубре, транспорт на опрема за биомаса и сл.;
• Развој на инфраструктура на земјоделско стопанство, вклучувајќи изградба и
реконструкција на патиштата и патеките на земјоделското стопанство, инсталации за
снабдување со електрична енергија, водоснабдување и канализациони системи, одводнување
(дренажа), артески бунари, оградување, итн. и други подобрувања на надворешниот простор од
имотот на корисникот за задоволување на потребите на земјоделското стопанство за своите
земјоделски активности.
Листа на прифатливи трошоци
Набавка на машини и опрема за преработка на земјоделски производи од следните сектори: – Овошје и зеленчук, вклучувајќи и компири, печурки и мешункасти култури; – Житни, мелнички и скробни производи; – Растителни и животински масла и масти; – Шира од грозје, вино и оцет; – Млеко и млечни производи; – Месо и производи од месо (вклучувајќи јајца и живина) (Опрема за обработка – од суровина до готов производ)
• Опрема за прием, собирање и чување.
• Опрема за подготовка за сортирање, чистење, миење, сушење, дезинфекција, обложување со восок, сортирање, калибрирање, отстранување на оштетени плодови, детектирање на метал и стакло или други цврсти материјали.
• Опрема за пред-ладење, ладење и замрзнување. • Опрема за сечење, мелење и останата опрема за подготовка пред преработка.
• Опрема за филтрација, де-аерација, ферментација, стабилизација, сепарација, хомогенизација, пастеризација и стерилизација.
• Резервоари, танкови.
• Опрема за конзервирање, сушење, десикација , замрзнување. • Опрема за полнење, пакување и означување/етикетирање.
• Зашеметување, искрварување, опрема за горење и опрема за отстранување на внатрешни органи. • Опрема за сечење и откостување. • Лабораториска опрема и апарати за анализа на производот.
• Опрема за манипулација, утовар и истовар, виљушкари, транспорт-приколки, ладилници, палети, приклучни возила за ладење, подвижни ленти, опрема за мерење и квалитет.
• Опрема за следење на квалитетот, контрола системи со следливост на прием на производ, складирање и дистрибуција.
• Третман на отпад, валоризација, опрема за ракување и складирање. • CIP опрема ( “clean in place”).
• Опрема за подобрување на стандардите за благосостојба на животните, како што се обезбедување на редовен пристап до свежа вода, храна, сместување на животните пред колење, расчистување на ѓубре итн.
Набавка на опрема за производство на енергија од обновливи извори:
• Опрема за производство на енергија преку:
– преработка на растителни производи за производство на биогас и / или биогорива
– соларна енергија
– ветерници итн.
Градежни материјали и елементи за изградба на нови објекти или реконструкција и подобрување на постоечки објекти (згради и инфраструктура за целосно функционален капацитет):
– за инсталирање / одржување на прифатливата опрема
– за постигнување на стандардите за животната средина
– за обезбедување на хигиенски и санитарни услови
– да се обезбеди административен простор
– помошни објекти (складирање, гаража итн)
– пристап, уредување и оградување
Работи и услуги:
• Сите потребни работи и услуги поврзани со реализацијата на инвестицискиот проект: – подготовка на терен – градежни работи – реконструкција – инсталација
Набавка на специјализирани земјоделски транспорт приколки и возила: Танкери за млеко, приколки за ладење, приколки за транспорт на живи животни и живина, опрема за транспорт на биомаса итн (доколку е поврзано со производството)
Компјутерска опрема:
• Компјутерска опрема и софтвер, вклучително и сензори (само доколку се повзани со прифатливата опрема и со производствената активност)
Општи трошоци:
• Подготовка на техничката документација, планови за изградба и придружни студии, пресметка на трошоците, на пазарот и маркетинг анализа, изработка на оцена за заштита на животната средина, управување со проекти:
− архитекти
− инженери
− консултанти
• Стекнување на патентни права и лиценци
• Системи за управување со: − ISO − Подготовка за имплементација на HACCP − GMP (Добра производна пракса)
• Публицитет и информативни материјали: − билборди − плакети − налепници
Во новата ИПАРД 3 програма е подигнат прагот на минималната вредност на инвестициите и тоа наместо досегашните 3.000 евра минималната вредност на вкупно прифатливите трошоци на предложената инвестиција, сега ќе биде 10.000 евра.
Променет е и начинот на исплата на одобрените средства за одобрените проекти, односно се предвидува авансна исплата на средства и тоа до 50 % од сумата.
Тоа, низ пример, значи дека ако се конкурира со проект вреден 100.000 евра, за мерка каде повратот на инвестицијата е 60 %, апликантот, преку авансното финансирање, со склучување на ИПАРД договорот ќе добие до 50 % од средствата или 30.000 евра.
Вкупната финансиска поддршка која ќе се исплаќа во вид на кофинансирање на инвестицијата во рамки на оваа мерка изнесува 60% од вкупните прифатливи трошоци на инвестицијата.
Повеќе информации околу актуелни повици и оние кои се очекуваат можете да добиете на телефонските броеви 070/267 789, 071/285 385 или на [email protected].
Напишете коментар