Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (Видео)Аеропонично одгледување компири – Дава поголеми приноси,а помалку прскања и болести!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > (Видео)Аеропонично одгледување компири – Дава поголеми приноси,а помалку прскања и болести!
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВОСовети

(Видео)Аеропонично одгледување компири – Дава поголеми приноси,а помалку прскања и болести!

Објавено 03/02/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Аеропоника е процес на одгледување на растенија во воздушна средина без почва или други хранливи материи. Индиски истражувачи одлучиле да ја применат оваа технологија кај популарните зеленчуци како што е на пример компирот.

Така, со оваа технологија, почвата и другите хранливи материи веќе не се потребни за одгледување компири, велат експертите од Техничкиот центар за компири во Шамгарх, Карнал. Со помош на Централниот институт за компир во Индија, до септември треба да започнат проект за аеропонични компири. Буџетот за таа намена веќе е одобрен.

„Ќе создадеме три гранки за аеропоника кај компирите и тоа: за за производство на семе, за одгледување на сорти што зреат рано и сорти отпорни на климатските промени. Исто така, потпишавме Меморандум за соработка со Меѓународниот центар за компири (ЦИП), Перу, за да помогнеме во спроведувањето на проектот и да обезбедиме нови модерни сорти на компири отпорни на топлина, и сорти кои рано ќе созреваат “, рече др. Сатиендер Јадав, заменик директор на Центарот за технологија на компири.

Д-р П.К. Мехта, кој работи како постар консултант во Центарот, изјавил: „Индија е втор по големина производител на компири во светот. Произведува околу 46,4 милиони тони компири, што е трета по важност храна во земјата после оризот и пченицата. Во моментов, потрошувачката на компири по глава на жител во земјата е околу 34 кг. годишно. Во иднина, побарувачката за компири веројатно ќе се зголеми и земјата ќе мора да произведе 125 милиони тони до 2050 година за да се задоволи побарувачката.”

Новото аеропониско семе ќе им обезбеди на производителите на компири, да одгледуваат сорти со висок принос.

Што се однесува до земјоделската технологија, растенијата ќе бидат опкружени со воздухот во темна стаклена градина, а нивните корени ќе бидат збогатени со корисни микроорганизми.

Снабдувањето на коренот со хранливи материи ќе биде преку посебни системи под притисок.

„Без присуство на почва, не постои закана од болести кои се пренесуваат преку почвата. Овој метод исто така ќе помогне да се заштедат околу 30-40 проценти хранливи материи и ѓубрива во споредба со вообичаениот метод. Користејќи го традиционалниот метод, родот го добиваме за три месеци, но со користење на оваа техника, културата може да се додаде за 180 дена“, велат индиски научници.

Извор: Агросавјет

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Таг:АеропоникаИндијакомпири
Претходен напис Трета година по ред извозот на руска земјоделска механизација руши рекорди
Следен напис Министерот Хоџа на средба со претставници на лозарите и винарските визби
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?