Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Министерот Хоџа на средба со претставници на лозарите и винарските визби
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Министерот Хоџа на средба со претставници на лозарите и винарските визби
АгровестиРастително производство

Министерот Хоџа на средба со претставници на лозарите и винарските визби

Објавено 03/02/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа денеска ќе одржи средба со претставници на лозарите и винарските визби.

Средбата следува откако на 28 јануари здружението „Напредни лозари” од Кавадарци реагираше, укажувајќи дека цената на грозјето е ниска, а проблем е и вишокот кој преработувачите не сакаат да го откупат. Според лозарите, цената на грозјето во соседните држави е двојно повисока иако квалитетот е послаб.

Од „Напредни лозари” истакнаа и дека винарските визби се договараат за откупната цена, а ја објавуваат во последен момент, кога лозарите веќе мора да го берат грозјето.

-Во член 55 од Уставот стои пазарно договарање. Но, има проблем во договарањето меѓу винариите и лозарите. Винариите се многу моќни и ги наметнуваат нивните интереси, секогаш меѓусебно однапред договорени на штета на лозарите. Државата треба да го регулира ова, посочи здружението.

„Напредни лозари” укажа и дека моментно не работат двата големи капацитета – винариите Кокино и Џумајлија, со капацитет од 32.000.000 килограми грозје.

Здружението побара средба со министерот, но до него упати и конкретни барања: формирање фонд за исплата на грозјето од околу 30 милиони евра, информации за откупната цена на винските сорти најдоцна до крајот на јуни тековната година и обезбедување алтернативен извоз ако цените се ниски, враќање на персоналниот данок на регистрираните земјоделци најдоцна до јуни наредната година, исплаќање на заостанатите субвенции во најбрз можен рок, исплата на редовните субвенции за одржување на лозовите насади до „Свети Трифун”, 14 февруари и параралено реализирање на дополнителната поддршка.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:информациисредба
Претходен напис (Видео)Аеропонично одгледување компири – Дава поголеми приноси,а помалку прскања и болести!
Следен напис РЕК Битола го стави во функција Блок 1
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?