Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трета година по ред извозот на руска земјоделска механизација руши рекорди
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трета година по ред извозот на руска земјоделска механизација руши рекорди
АгровестиМеханизација

Трета година по ред извозот на руска земјоделска механизација руши рекорди

Објавено 02/02/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Трета година по ред извозот на руска земјоделска техника руши рекорди. Во 2020 година испораките во странство беа зголемени за 30%, достигнувајќи вредност од речиси 174 милиони евра.

Трета година по ред извозот на руска земјоделска техника руши рекорди. Во 2020 година испораките во странство беа зголемени за 30%, достигнувајќи вредност од речиси 16 милијарди рубли (174 милиони евра). Според мислењето на учесниците во пазарот, на тоа влијаеле различни фактори, како што се стабилната државна поддршка на извозот и ослабената рубља. Како што истакнува „Комерсантˮ, вкупното производство на руска техника расте заедно со порастот на извозот, речиси за 30%.

Извозот на земјоделска техника од Русија во 2020 година во парична вредност е зголемен за 30% и достигна 15,9 милијарди рубли (174 милиони евра), соопшти „Росспецмашˮ (Руска асоцијација на производители на специјализирана техника и опрема). Значително е забрзано и темпото на пораст на извозот. Година дена претходно испораките во странство беа зголемени за само 9%. Меѓутоа, тој и понатаму е побавен од рекордната 2018 година, кога дојде до раст од 40%.

Извозот отиде во 38 земји, а главни купувачи беа земјите од Заедницата на независни држави и Европската унија, како и Монголија, Африка и Блискиот Исток. На пример, во 2020 година извозот во Германија во парична вредност порасна 4,6 пати, во Австрија 4,5 пати, во Чешка 2,9 пати, Бугарија 2,1 пати, како и во Франција за 84%, во Холандија за 73%, Киргистан за 51%, Унгарија 44%, Казахстан за 29%.

Денис Максимкин од „Росспецмашˮ изјави за „Комерсантˮ дека во Европа, меѓу другото, и во Германија, интензивно се извезуваат комбајни. „Ростсељмашˮ (група руски компании-производители на земјоделска техника), имено, пред неколку години во Германија основа претставништво кое постепено ја зголемува својата активност. Исто така, според него, на растот на извозот влијаеше стабилноста на државната поддршка, што не беше случај во 2019 година, како и „подобрувањето на квалитетот на производите“.

Главни причини за позитивната динамика беа како високите цени на земјоделските производи, така и државната поддршка (попусти на техниката во рамките на програмата 1432), велат од Руската асоцијација на производители на специјализирана техника и опрема. Понатамошната позитивна динамика и развојот на извозот би можеле да ги пореметат растот на цените на металот и воведувањето квоти за извоз на житарки. Затоа асоцијацијата предлага воведувањето ограничувања на извозот на житарки да се одложи, како и да се воведе променлива извозна царина на производите на металуршките компании за да се постигне цените на домашниот пазар да бидат 20% пониски отколку на светските берзи.

Russia Beyond-Македонија

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:извокомбајнимилиониРусија
Претходен напис Уште едно жариште на африканска свинска чума во Србија, донесено ново решение за забрана
Следен напис (Видео)Аеропонично одгледување компири – Дава поголеми приноси,а помалку прскања и болести!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?