Бумбарите најчесто се користат за дополнително опрашување на шери доматите, а за помош од овие корисни инсекти, се одлучија членовите на семејството Јапариќ од Пожега.
Технологијата на дополнително опрашување на земјоделските култури во затворен простор со помош на бумбари е позната околу 20- тина години и денес се користи како редовна мерка која ја спроведуваат голем број производители.

„Увезовме работна сила од Холандија. Бумбарите помагаат оплодувањето на домтите да се направи многу порано што е од голема помош во градинарството. Бумбарот го гризе цветот кој не е до крај отворен и многу порано доаѓа до оплодување отколку кога би се чекало цветот комплетно да се отвори. Тие се најкорисни во раното производство“, појаснува Томица Јапариќ.
За помал пластеник доволни се 50- тина бумбари
За разлика од осите или пчелите, на бумбарите за опрашување не им сметаат условите во стаклениците и пластениците бидејќи поднесуваат температура до 30 °C. „Пчелите на пример мора да чекаат цветот комплетно да се отвори и погледнете колкав е тој толчник, додека таа него го оплоди му треба многу повеќе време. Бумбарот е многу посилен, тој тоа го загризува и многу пред тоа доаѓа до оплодување. Тука е неговата најголема предност“, вели Томица.
Открива и дека цената на една помала кошница со бумбари во Хрватска се движи помеѓу 500 до 700 куни.
„Се зависи од производителот и добавувачот. За еден помал пластеник долволна е помала кошница од 50 бумбари. Проблемот е во тоа што морате да ги научите да останат во палстеникот и да не одат понатаму. Оваа година се појави мал проблем бидејќи имаше многу глуварче па леташе насекаде, но глуварчето сега веќе прецвета. Бумбарите, сега не можете да ги видете да летаат бидејќи моментално се разладуваат во кошницата. Работат во утринските часови или навечер, кога ќе падне температурата, имаат и тие свои потреби“, заклучува Томица.

Со голем труд, со знаењето што го имаат производителите и со помош на овие опрашувачи кои доаѓаат од Холандија, уверени сме дека плодовите во пластеникот ќе бидат побројни, поздрави и повкусни.
Извор: Агроклуб
